Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бајден побара од Конгресот да ја поддржи Украина да го „запре Путин“ обвинувајќи го Трамп дека му се „покорува“

0
By Marija Todorovska on March 15, 2024 ВЕСТИ
Фото: businessinsider.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 15, 2024 10:41

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа оцени дека демократијата е загрозена и го нарече ставот на поранешниот претседател Доналд Трамп за НАТО неприфатлив, во обраќањето за состојбата на нацијата.

Бајден (81), говорејќи на заедничката седница на Претставничкиот дом и Сенатот, го започна своето обраќање со директно критикување на Трамп за неговиот повик до рускиот претседател Владимир Путин да ги нападне земјите од НАТО кои не трошат доволно за одбрана.

„Сега мојот претходник, поранешен републикански претседател, му вели на рускиот претседател Владимир Путин, цитирам: „Прави што сакаш“, рече Бајден. „Мислам дека тоа е безобразно, опасно и неприфатливо.

ПуБајден ги истакна заканите за демократијата што ги претставува Трамп, посебно со тоа што поранешниот претседател повторува лажни тврдења за неговиот пораз на изборите во 2020 година. Доналд Трамп вети дека ќе се „одмазди“ за неговиот пораз во 2020 година, кој никогаш не го призна, а правните дејствија против него се трупаат.

Бајден рече дека „слободата и демократијата се загрозени“. – Никогаш нашата слобода и демократија не биле во таква опасност во нашата земја како што се денес, рече тој.

Во говорот, Бајден повторно побара од Конгресот да ја поддржи Украина да го „запре Путин“ во неговата инвазија, обвинувајќи го Трамп дека му се „покорува“.

– Можам да ве уверам дека Путин нема да запре на Украина. Но, Украина може да го запре Путин ако ја поддржиме и и го обезбедиме оружјето што и е потребно за да се одбрани, рече тој, повикувајќи го Конгресот да дозволи помош за Киев, која е замрзната со месеци поради партиски судири меѓу демократите и републиканците.

„Тоа е сè што бара Украина. Таа не бара американски војници“, нагласи тој, алудирајќи на неодамнешните зборови на францускиот претседател Емануел Макрон за евентуалното распоредување на војници.

Тој нагласи дека во Украина нема американски војници и „ве уверувам дека така ќе остане“. Макрон неодамна изјави дека западните сојузници не треба да исклучат каква било опција за спречување на руската победа во Украина, иако истакна дека сè уште нема консензус за тоа. „Историјата не набљудува“, повтори Бајден повеќе од еднаш.

Официјалното обраќање пред двата дома на американскиот Конгрес традиционално му дава можност на американскиот претседател да зборува за состојбата на земјата и приоритетите за иднината.

Бајден ги истакна неговите разлики со Трамп за демократијата, правата на абортусот, имигрантите и економијата за време на говорот што демократите го гледаат како главна можност за претседателот да добие поддршка за втор мандат пред телевизиската публика од милиони Американци.

Зборувајќи за тековната војна во Газа, Бајден повика на итен шестнеделен прекин на огнот и го предупреди Израел дека прашањето за хуманитарната помош за Газа „не може да биде второстепено прашање или за пазарење за постигнување договор“.

Тој, исто така, го информираше Конгресот дека и наредил на американската војска да основа вештачко пристаниште во Газа за да испорача поголема хуманитарна помош на опколената палестинска територија.

Бајден, исто така, го поздрави приемот на Шведска во НАТО, „најсилниот воен сојуз што светот некогаш го видел“.

Шведска се приклучи на НАТО вчера во Вашингтон, две години откако руската инвазија на Украина ја принуди да ја преиспита својата национална безбедносна политика и да заклучи дека влезот во НАТО е подобар гарант за безбедноста од традиционалната политика на неутралност.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон, кој беше присутен на говорот на Бајден, вчера до американската влада ја достави финалната документација, што беше последен чекор во долгиот процес за влез во НАТО, кој требаше да биде одобрен од сите членки на воената алијанса.

Бајден го осуди укинувањето на федералната гаранција за абортус, ветувајќи дека ќе ја врати таа заштита доколку Американците изберат Конгрес кој поддржува „право на избор“.

Тој, исто така, рече дека „нема да ги демонизира“ мигрантите како што тоа го направи Трамп, повикувајќи го Конгресот да усвои нацрт-закон за контрола на границите.

„Нема да ги демонизирам мигрантите велејќи дека ја ’трујат крвта на нашата земја’“, нагласи тој, осврнувајќи се на неодамнешните изјави на Доналд Трамп. „Можеме да разговараме за границата или можеме да го решиме проблемот“, рече тој.

Одговарајќи на критиките на гласачите поради неговата возраст, Бајден рече: „На моја возраст, некои работи стануваат појасни од кога било“.

Во говорот што траеше нешто повеќе од еден час, Џо Бајден рече дека под негово водство, Америка го доживеа „најголемото закрепнување“ по пандемијата на Ковид-19, која ја фрли на колена најголемата светска економија.

„Наследив економија која беше на работ на колапс. Сега на нашата економија буквално ѝ завидува на целиот свет. За три години се отворени 15 милиони работни места, тоа е рекорд. А стапката на невработеност е најниска во последните 50 години, истакна претседателот на САД и заклучи дека тоа навестува „иднина полна со ветувања“.

Бајден Конгрес Путин Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.