Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Баражи за СП во тенис: Србија се проби до Мадрид, пресврт на Канада против Словачка

0
By Нова ТВ on February 3, 2019 СПОРТ
Фото: daviscup.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првото издание на реформираниот Дејвис Куп што од оваа година ќе се организира како еднонеделно Светско првенство го доби комплетниот список на учеснички. Дванаесет тима се пробија преку баражите пришто најдраматично беше во Ташкент (Узбекистан – Србија), во Братислава (Словачка – Канада) и во Гвангжу (Кина – Јапонија). Сите три пресметки беа решени во пет меча и во сите се радуваа гостинските селекции.

Филип Краиновиќ ја оствари одлучувачката победа за Србија за триумф над Узбекистан со 3:2. Во петтиот меч од судирот беше подобар од Санџар Фајзиев со 4:6, 6:3, 6:0.

Денис Шаповалов и Феликс Огер Алиасиме беа творци на пресвртот на Канаѓаните над Словачка за конечни 3:2. Шаповалов во два сета бепе подобар од Мартин Клижан (7:6, 6:4), а Алиасиме приреди изненадување со победата над Гомбош со 6:3, 6:4.

Јапонија го слави Таро Даниел. Моментно 69. светски рекет славеше над Ли Же со 6.3, 6:7, 6:3 и ги поведе „самураите“ кон завршниот турнир.

Освен Србија, Канада и Јапонија, победнички бараж имаа и селекциите на Австралија, Белгија, Чиле, Колумбија, Германија, Италија, Казахстан, Холандија и Русија кои осигураа место на мундијалот во Мадрид од 18 до 24 ноември. По автоматизам, како лански полуфиналисти, на СП ќе играат и Хрватска како бранител на титулата, Франција како финалист и САД и Шпанија кои беа елиминирани во полуфиналето во 2018 година, а двете вајлд карти од организаторот беа адресирани до Велика Британија и Аргентина.

Изгледот на групите (шест по три репрезентации) ќе биде познат на 14 февруари за кога е закажано извлекувањето во Мадрид. Првопласираните од секоја конкуренција плус двете најдобро второпласирани состави ќе продолжат во четврт-финале.

Баражи за тениското СП 2019 во Мадрид

Бразил – Белгија 1:3

Узбекистан – Србија 2:3

Австралија – БиХ 4:0

Индија – Италија 1:3

Германија – Унгарија 5:0

Швајцарија – Русија 1:3

Казахстан – Португалија 3:1

Чешка – Холандија 1:3

Колумбија – Шведска 4:0

Австрија – Чиле 2:3

Словачка – Канада 2:3

Кина – Јапонија 2:3

СП 2019 Србија тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.