Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Баша за Рама: Избројани се часовите на хунтата на „балканскиот Мадуро“

0
By Нова ТВ on May 12, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 12, 2019 14:11

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша во обраќањето пред насобранте приврзаници на опозицијата и граѓани пред седиштето на полицијата во Тирана, кои бараат ослободување на притворените на синоќешниот протест, порача дека „деновите на криминалната хунта на Еди Рама се избројани“.

Тој додаде дека опозицијата синоќа одржала мирен протест и оти целта на политичката битка која ја продолжува не е да добие власт, туку Албанците и Албанија да ги ослободи од актуелната кримнална власт, која „утре ќе го добие заслужениот одговор“.

-Сценариото со насилство синоќа со криминалци облечени во униформа во толпата мирни демонстранти беше во служба на Еди Рама – „балканскиот Мадуро“, единствениот човек кој е заинтересиран за насилство и утревечер ќе добие целосен одговор од обединетите Албанци. Апсењето на Долапи (органзациски секретар на демократите) е мафијашка порака за заплашување на Албанците, но одговор ќе добијат утре. Ниту еден од нашите ќерки и синови нема да остане во канџите на заробените институции кои делуваат според политички наредби. Ние ќе ги ослободиме. Часовите на криминалната хунта и на „балканскиот Мадуро“ им се избројани, порача Баша.

Тој соопшти дека и утрешниот петти по ред „национален протест“ ќе се одржи пред Владата и упати апел за поголема масовност.

-Албанскот народ не запира. Битката ќе продолжи секојдневно се посилно на секоја улица, секоја ноќ. Ве повикувам сите да се приклучите кон протестите. Ова е битка не е само квантитативна, туку и квалитативна. Ние сме мнозинство на вредности. Утре во 18,30 часот сите заедно за да ја урнеме хунатата, изјави Баша.

Во меѓувреме, Министертвото за внатрешни работи соопшти дека на синоќешниот протест се повредени 16 полициски службеници и оти поради насилството врз нив во притвор се 50 од приведените 84 граѓани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

ВЕСТИ June 6, 2026

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови…

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.