Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бебе кое починало пред пет години се води дека е живо – добило покана за во школо

0
By Менче Атанасова Точи on July 23, 2020 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 23, 2020 19:18

Новороденче кое починало четири дена по неговото раѓање во 2015 година се уште се води дека е живо во Управата за водење на матични книги.

Ова за НОВА го потврдија од Министерството за правда, откако побаравме одговор која е причината што семејството добива покани за вакцинација, а во мај годинава им пристигнала и Покана за да го запишат на училиште, во прво одделение.

Семејството Стојаноски од Прилеп е во шок откога добиле Покана за да го запишат нивното починато бебе на училиште. Во Поканата стои дека треба да дојдат во ОУ„Рампо Левката’, за да го запишат во прво одделение во учебната 2020/2021 година.

„Не знам што се случува со овој систем кој повремено копа по мојата најголема рана. Покрај болката за него во овие пет години, мора ли да бидеме изложени и на ваква траума. Не знаеме дали нашиот син Даријан е во системот на починати и каде е настанат проблемот. Ова е само дополнителен стрес за нас како родители“, со растреперен глас објаснува за НОВА, Мери Стојаноска, мајка на починатото бебе.

НОВА побара одговор во МВР, каде го проверија случајот и не упатија во Управата за водење на Матичи книги при Министерството за правда. Од таму не информираа дека неговата смрт не е евидентирана и бебето се води дека е живо.

„Никаква пријава за смрт не е евидентирана во системот на Управата за водење на матични книги. Тоа значи дека смртта не е пријавена воопшто ниту од институцијата каде што починало (Клиниката за детски болести), ниту по приватна линија“, потврдија за НОВА, од Министерството за правда.

Од ресорното Министерство посочија дека сега треба да се поднесе барање заедно со Изводот на родени(кој семејството  уште тогаш го извадиле) и доказот за смртта и тоа може да се направи и електронски.

„Доколку починало во болница, самата болница пријавува. Барем така е сега. Исто така, барање можело да достави и некој од семјството или пријател, но никој не го сторил тоа,“ велат од Министерството за правда.

Но, семејството тврди дека не е така. Тие се уверени дека некој потфрлил во случајот. Прашуваат каде настанала системската грешка бидејќи нивниот роднина(вујко) кој земал Потврда за смртта од Детска клиника го доставил документот заедно со Изводот од матична книга на родени.

„Вујко ми го зема документот, тоа е потврдата за смртта од Детска клиника и ја достави заедно со препис од Изводот на родени кои моравме да го извадиме за да ја пријавиме смртта. Службеничката му ги примила документите и му кажала дека се во ред, дека се преземени од нивна страна и ќе биде заведена смртта, но доколку сакаме посмртница треба лично родителот да дојде и да си ја земе. Служеничката ја задржала белешката за смртта од клиниката, од каде сега ние да бараме друга. Повторно ли треба да поминуваме низ трауми“, вели во шок Мери Стојаноска.

На Клиниката за детски болести пак, велат дека немаат обврска да ја пријават смртта на бебето. Тие издале потврда за смртта која ја подигнал близок роднина на семејството.

„Новородено машко на мајка С.М. – Прилеп. Хоспитализирано на 26.01.2015 со матичен број на историја на болен 492/2015г. Починало на 30.01.2015 година. Детето е уредно испишано административно. Потврдата за починато лице е подигната од вујко на детето, за што постои своерачен потпис. Родителот одбил обдукција“, се вели во одговорот од Клиниката за детски болести.

Семејството Стојаноски е во шок по ваквите одговори на институциите. Сега веќе не знаат ниту каде да се обратат, ниту што да прават. Тие бараат само да престанат да им праќаат покани за починатото дете.

За разлика од Детска клиника каде што тврдат дека е заведено дека родителот одбил обдукција, Стојаноска тврди дека е направена обдукција, а наодот го достави до НОВА.

„Обдукција е направена, а на наодот чекавме малку подолго и го имаме. Но, ова што детето се води како живо не знам што да кажам. Во шок сум. Ова е огромен пропуст. Не знам веќе ниту на кого да се обратам, на кого да кажам, на кого да верувам. Само барам да не ни стигаат повеќе покани за вакцини, за во училиште, зашто тоа е огромен психолошки притисок“, вели Стојаноска.

Сега се на потег институциите да ја исправат грешката или пропустот кој е направен во 2015 година. Даријан е роден на 26 јануари во Прилеп, а почина на 30 јануари на Клиниката за детски болести каде што беше префрлен со возило на Итна медицинска помош.

НОВА го истражуваше овој случај во 2015 година. При породувањето настанале компликации и бебето со родилна тежина од 4 350 гр. останало без воздух. Новороденчето беше хоспитализирано на интензивна нега на Детската клиника во Скопје, а мајката поради искрварување(поради заостанати парчиња од плацентата) беше задржана на лекување во приватна болница во Битола.

ДСЗИ го истражуваше случајот, тогашниот министер за здравство Никола Тодоров ветуваше формирање на комисија и разврска на случајот, но се се заврши на тоа.

Пет години подоцна семејството се соочува со нови трауми. Иако, е направена обдукција и новороденчето е погребано по сите протоколи, во АД Бутел во масовна гробница со други починати бебиња, тоа се уште во институциите фигурира дека е живо.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.