Бебе почина како последица од инфекција со коронавирусот на Универзитетската детска клиника Тиршова во Белград, јавуваат српските медиуми.

– За жал, првото бебе кое беше хоспитализирано кај нас со само 10 дена старост почина минатата недела по речиси шест недели борба за живот, изјавила д-р Снежана Рсовац, од Детската клиника.

Во оваа установа, додава Рсовац, се сместени уште две бебиња, а нивната моментална здравствена состојба е добра.

– Едномесечното бебе е на интензивна нега, а другото бебе полека се опоравува иако долго време беше на респиратор, појаснува таа.

Сите други деца на Детската клиника Тиршова, како што посочува д-р Рсовац, се во добра состојба, а намален е и бројот на приеми на заразени деца.