Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Не сме потрошиле ни 120 милиони евра, додека други држави дале милијарди за енергетската криза

0
By НОВА ТВ Balaban on February 9, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 9, 2022 13:21

Моментално нема рестрикции во Северна Македонија, нема ценовни шокови за домаќинствата и малите потрошувачи. Горд сум на се што досега сме постигнале, а не сме трошеле од буџетот, истакна Бектеши

Со воведувањето на кризната состојба, Северна Македонија успешно ја менаџира енергетската криза и во споредба со другите држави од соседство има потрошени многу помалку пари, оцени министерот за економија Крешник Бектеши во одговор на новинарско прашање за состојбите во енергетиката по денешната негова посета на Технолошко развојната зона во Тетово.

– Моментално нема рестрикции во Северна Македонија, нема ценовни шокови за домаќинствата и малите потрошувачи. Горд сум на се што досега сме постигнале, а не сме трошеле од буџетот. Ако се споредиме со Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина или другите држави во соседството, кои потрошиле милијарди само за овие месеци, ние целосно не сме потрошиле ни 120 милиони евра, истакна Бектеши.

Тој објасни дека без воведување на кризната состојба немаше да може да се создадат поволни услови за менаџирање на кризата.

-Во однос на последната одлука одвоени се некаде околу 50 милиони евра, имајќи во предвид дека производната цена на електричната енергија на ЕСМ е некаде околу 61 евро. Во моментов увезуваме и јаглен, а после 12 години со одлука на Владата по предлог на Министерството за економија ја ставивме во функција ТЕЦ Неготино. Под берзански цени работи ТЕ-ТО. На берза моментално цената е 240 евра по мегават час, додека ТЕ-ТО ја продава на државата за 190 евра, со што ќе заштедиме 50 евра по мегават час како држава. Ова не можевме да го направиме без да објавиме кризна состојба во делот на енергетиката  и топлинската енергија, изјави министерот Бектеши.

Потенцира дека државата ги субвенционира и им помага само на државните компании како што прават секаде во Европа и нагласи дека ЕСМ е во 100 процентна владина сопственост.

Тој воедно информираше дека се работи на измена на правилникот со кој ќе се зголеми можноста домаќинствата на своите покриви да инвестираат во дополнителни капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори до шест киловати, што ќе претставува 50 отсто зголемување на моќноста од сега дозволените четири киловати, а дополнително за компаниите наместо сега дозволените 20 киловати ќе се овозможи на своите покриви  да постават фотоволтаици со капацитет до 60 киловати.

Бектеши енергетската криза Не сме потрошиле
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.