Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Поддршката за компаниите кои инвестираат во време на криза продолжува

0
By НОВА ТВ on August 27, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 27, 2021 14:51

Министерот за економија Крешник Бектеши, заедно со првиот вицепремиер Артан Груби и министрите Фатмир Бесими и Насер Нуредини ја посетија компанијата „Кипер маркет“ од Тетово која што е една од 400-те компании кои добија грант за реализација на нова инвестиција преку Јавниот повик за зголемување на конкурентноста кој што го спроведе Министерството за економија. Менаџментот на компанијата информираше за инвестирањето на дистрибутивен центар, како и за плановите за раст и развој во наредниот период.

-Ова уште еднаш докажува дека во Северна Македонија се создава стабилна клима во однос на инвестициите и не само во привлекување странски инвестиции, туку и во поттикнување и стимулирање на растот на домашните инвестиции. Би  сакал јавно да му честитам на менаџментот, раководството, сопствениците на компанијата „Кипер маркет“ кои континуирано ги зголемуваат своите капацитети и не само во однос на зголемување на инвестициите, туку истовремено индиректно и директно влијаат на зголемувањето на другите економски капацитети, кажа министерот Бектеши.

Според него, „Кипер маркети“ соработуваат со скоро 50 локални добавувачи, што докажува дека покрај отворањето работни места директно од компанијата, тие влијаат и на растот на работните места во другите производствени компании во земјава.

-Во текот на изминатата година ние како Влада започнавме со мерки за директна финансиска поддршка за сите компании кои имаат храброст и инвестираат дури и во време на пандемија и го зголемуваат бројот на вработени. Мило ми е што токму со оваа помош, колку и да е мала за компанија како “„Кипер маркет“, со поддршка на Владата се зголеми нивниот капацитет. Сакам јавно да го повторам фактот дека со Законот за финансиска поддршка на инвестициите и другите владини мерки и програми Владата, Министерството за економија, сите централни и локални институции секогаш ќе бидат покрај инвеститорите за заеднички да ја зголемат благосостојбата во нашата земја за граѓаните, кажа министерот.

Бектеши потенцираше дека со последните измени и дополнувања на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кои веќе стапија на сила, се зголемува поддршката на компаниите во останатите понеразвиени региони во државата, се со цел да има поголем регионален развој.

Генералниот директор на „Кипер маркети“, Висар Јакупи се заблагодари на поддршката од Владата и од Министерството за економија за реализација на инвестицијата во изградба на дистрибутивен центар во Желино, и потенцираше дека тоа за нив ќе придонесе за поголем раст и развој на компанијата.

На новинарско прашање за помош во стопанството поради најновите мерки од кои се погодени угостители и трговски центри, Бектеши рече дека секојдневно ги следат движењата.

-Секогаш кога Владата носи целосни рестриктивни мерки, целосен локдаун, каде што одредени сектори не може да работаат, дополнително даваме можност за рекавери период за да може да инвестираат одредени компании со цел да ги зачуваме работните места. Ќе креираме и дизајнираме, економски мерки, во соработка со одредени угостителски сектори, во склоп на стопанските коморни во нашата држава и во случај да има рестриктивни мерки ќе има поддршка од Владата за да ги сочуваме работните места, рече Бектеши.

Министрите присуствуваат и на почетокот на работите за продолжување на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово.

Бектеши инвестиции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.