Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белгија и Холандија во “перфектна хармонија” ги променија границите

0
By Светлана Јовановска on November 30, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 30, 2016 19:06

Холандија ќе земе еден дел од белгиската територија. По тој повод, белгискиот крал Филип отпатува во Холандија. Но не да се побуни или да се кара туку како гостин на свеченоста на овој чин на промена на границата помеѓу Белгија и Холандија.

И за нас на Балканот најчудното е тоа што белгиските и холандските медиуми воопшто не се возбудија поради размената на територија. Напротив, подвлекоа дека овој чин се одвива во “перфектна хармонија” помеѓу двете земји.

Според белгискиот министер за надворешни работи Дидие Рејндерс ова сведочи за “одличните холандско-белгиски односи” и “доказ дека границите можат да се менуваат на мирен начин”.

Веста се разбира беше објавена но не стаса на првите страни ниту пак предизвика коментари.

Министерот Рејндерс и неговиот холандски колега Берт Кундерс потпишаа пред два дена Договор за менување на границата. Модификацијата се случува во близината на градот Мастрихт во Холандија и белгискиот град Визе.

За што станува збор?

Актуелната белго-холандска граница беше фиксирана во 1843 година долж реката Мез. Во 1961 година беше одлучено да се поткрене коритото на реката за да се олесни пловидбата. Така дел од белгиското земјиште се најде од холандската страна на реката. И обратно.

583be81acd70356130781268

Карта на менувањето на белго-холандската граница

Првиот обид за корекција на границата се случи во 1980 година но остана неуспешен. Во тоа време градоначалникот од белгиската страна и се спротивстави на оваа операција.

Потоа во 2012 година темата дојде повторно на маса на иницијатива на Холандија. Преговорите, кои се водеа околу заштитата на природата, менаџирањето на водите и уредување на територијата, доведоа до потпишување на протокол минатото лето.

Така во понеделникот во Хаг дојде до потпишување на договорот за промена на границите кој ќе стапи на сила на 1 јануари 2018 година поради тоа што парламентите на двете земји треба да го ратификуваат договореното.

Белгија ќе добие три хектари холандска територија но ќе остапи четиринаесет хектари кои се наоѓаат во заштитена природна зона.

Марсел Невен, градоначалникот на Визе, со насмевка изјави дека веста е убава затоа што “ќе земеме три хектари земја која има разновидна вегетација со 200 различни видови”.

Белгија промена на граници Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

ВЕСТИ July 26, 2026

Скопски земјотрес од 1963 година – природна катастрофа што го погодила градот Скопје на 26 јули 1963 година во 5 часот…

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

July 23, 2026
ТИКЕР

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.