Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Берлин: Агенцијата за филм со штанд и светска премиера на македонски филм на Европскиот филмски маркет и Берлинале

0
By Zoran Ivanov on February 13, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 13, 2026 09:14

Агенцијата за филм и годинава учествува на Европскиот филмски маркет (EFM), што се одржува од 12 до 18 февруари во рамки на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин – Берлинале. Претставувањето ќе биде преку промотивен штанд поставен во музејот „Гропиус Бау“, централната локација на индустрискиот сегмент од фестивалот.

Македонската делегација на маркетот ќе ги претстави најновите филмски остварувања и актуелни проекти, а се предвидени и бројни средби со можни меѓународни партнери со цел развивање копродукциски соработки. За таа цел подготвен е промотивен каталог и дополнителен материјал.

Особено значајно е учеството на македонскиот филм „17“ во режија на Косара Митиќ, кој е селектиран во програмата „Перспективи“ на Берлинале – секција што ги претставува најдобрите долгометражни дебитантски филмови. Светската премиера ќе се одржи на 18 февруари во 19 часот во киното „Блумакс“ на Потсдамер плац, една од најрепрезентативните фестивалски локации. Филмот ќе има вкупно пет проекции на различни фестивалски точки во Берлин.

Од Агенцијата истакнуваат дека изборот на дебитантско дело на млада македонска режисерка ја потврдува креативната енергија на новата генерација автори и важноста на институционалната поддршка за современите филмски продукции.

1„7“ е продукција на „Црна Мачка Продукција“, со финансиска поддршка на Агенцијата за филм, а е копродукција со „Арт & Попкорн“ од Србија и „Децембер“ од Словенија. Филмот е поддржан и од филмските центри на Србија и Словенија, SEE Cinema Network, како и преку CineLink – Work in Progress на Сараевскиот филмски фестивал.

Покрај физичкото присуство во Берлин, Агенцијата ќе биде активна и преку онлајн платформата на EFM, овозможувајќи им на професионалците кои не присуствуваат лично да ги следат сите активности.

Европскиот филмски маркет се смета за еден од најзначајните филмски пазари во светот, а континуираното учество на Агенцијата за филм обезбедува поголема видливост на македонските автори и продукции, зајакнување на меѓународната соработка и пристап до нови извори на финансирање, со што се поттикнува развојот на домашната филмска индустрија.

 

агенција Берлинале филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.