Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Беса на Касами очекува министер, Гаши демантира дека добил понуда

0
By Нова ТВ on May 2, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Движењето Беса предводено од Билал Касами во преговорите за влез во Владата на премиерот Зоран Заев побарало да предводи еден од министерските ресори.

Пратеникот Фадил Зендели денеска изјави дека на средбата што се одржала во понеделникот вечерта Касами и Заев зборувале за влез на ова крило на Беса во Владата, како и оти на средбата било посочено дека тие се заинтересирани да раководат со едно министерско место со ресор. Допрва неделава треба да следува нова средба на која, според него, треба да се разговара за ресорите и за евентуалните имиња.

Лидерот на другото крило на Беса, Африм Гаши, во чија група се тројца пратеници, за Либертас ја демантираше информацијата на ТВ 21 според која тој добил понуда неговото крило да влезе во владата на Заев, а тој да биде министер за образование.

-Ние водиме разговори со премиерот Заев и тоа не е тајна, но во разговорите не сме дошле до тоа да добиеме ресор и јас да бидам министер за образование – вели за Либертас Африм Гаши. „Рано е за тоа, а во нашата партија има расположение да партиципираме со тројца пратеници во владата“.

Премиерот Заев за претстојната владина реконструкција вчера на прес конференција информира дека привршуваат разговорите со потенцијално новите владини партнери. Тој, како што кажа, завчера имал средба со раководството на БЕСА, но и со крилото од оваа партија предводено од Африм Гаши, како и со ДПА, а предвидени биле и дополнителни консултации.

– Ако успееме да ги номинираме предлозите, телата на партиите ќе треба да донесат одлуки, подвлече премиерот Заев.

Официјални информации за преговорите се уште нема.

Беса Влада Гаши Заев Касами рконструкција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.