Африм Гаши е најсериозен кандидат за претседателското столче на Движење Беса. Ова за ТВ21 го потврди вршителот на должност – претседател, Неџбедин Кахремани. Во трка се двајца кандидати, но Кахремани го кажа јавно само името на Гаши, кој според него ја има најголемата поддршка од овој табор на Движење Беса.

Движење Беса денеска го одржува првиот конгрес на партијата, на кој што учествуваат над 600 делегати. И покрај внатрепартиските поделби, Кахремани смета дека овој конгрес е целосно легитимен.

Присутен бил и лидерот на ДПА, Мендух Тачи давајќи до знаење дека го поддржува овој табор на Беса. Другиот табор, тој на Биљал Касами, или познат како Тетовски табор постојано тврди дека конгресот на партијата ќе се одржи на 24 февруари, датум кој според нив е едногласно изгласан од советот на партијата.