Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Фискалната консолидација дава резулати во намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг

0
By Соња Крамарска on January 10, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на Република Северна Македонија спроведува здрави политики кои дадоа соодветен одговор на кризата и поставуваат основа за натамошен долгорочен развој. Водиме претпазлива фискална политика, која ја штити стабилноста на јавните финансии и посветено работиме на намалување на буџетскиот дефицит, кој годинава е проектиран на ниво од 4,6 отсто од БДП, а наредната треба да се спушти на ниво од 3,4 отсто од БДП.

Ова, како што соопшти Министерството за финансии, го порачал министерот Фатмир Бесими на Форумот на Централна и Источна Европа на Еуромани, што се одржува во Виена, Австрија.

„За политиките што ги спроведуваме земјата доби потврда и од ММФ со можноста за пристап до средства од Програмата за ликвидност и претпазливост (ПЛЛ). Претпазливата фискална политика што ја спроведуваме ја заштити стабилноста на јавните финансии. Посветени сме на намалување на буџетскиот дефицит, кој оваа година треба да се намали на ниво од 4,6 отсто од БДП и во следната дополнително да се намали на ниво од 3,4 отсто од БДП. Фискалната консолидација ќе се постигне преку мерки и на приходната и на расходната страна“, истакнал министерот Бесими.

Тој додал дека во минатата година за да се одговори на шоковите што ги предизвика енергетската и ценовната криза, државата требаше да обезбеди 300 милиони евра. За тоа, како што посочи, биле  побарани средства од ММФ преку ПЛЛ програмата  и други инструменти кои беа со поповолни услови отколку да се издадеше еврообврзница.

„Ги следиме состојбите на пазарите на капитал. Во годината што е пред нас треба да обезбедиме 800 милиони евра надворешно финансирање, од кои 450 милиони евра се за враќање на еврообрзницата која достасува за отплата во јули 2023 година. Осумдесет милиони евра буџетска поддршка се очекуваат во текот на овој месец од ЕУ за да се ублажи влијанието од енергетската криза, се разговара за евентуална макрофинансиска помош од ЕУ и поддршка од Светска банка преку програмите за развојни политики“, нагласил Бесими.

„Нашите активности се фокусираат на заштита на јавните финансии, обезбедување здрави јавни инвестиции, подобрување на енергетските политики, справување со високата инфлација и поддршка на финансиската стабилност. Покрај поддршката  од ММФ преку ПЛЛ инструментот, активностите што се планирани ќе постават основа за одржлив долгорочен раст по кризата“, рекол министерот за финансии.

Министерот потенцирал дека и покрај глобалните предизвици кои значително ја погодија домашната економија, странските директни инвестиции остануваат на солидно ниво. Така за првите девет месеци од 2022 година тие достигнаа над 520 милиони евра. Тоа, според министерот, е потврда дека нашата земја останува атрактивна локација за инвестирање и во време на криза.

 

Виена Еуромани инвестиции Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.