Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Без „Северна“ – Македонија меѓу гаранции и санкции!

0
By Marija Todorovska on June 28, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 28, 2024 10:08

Детсан Јонузи

„Еуфоријата на големата победа на ВМРО ДПМНЕ ќе почне да стивнува и сите тие ветувања кои беа ирационални и без основа ќе почнат постепено да ги повлекуваат, бидејќи е јасно дека – Преспанскиот договор е завршена работа и дека е смешно да се употреби постојано изразот „нашата држава“, „нашата земја“, што е уште пострашно од порано кога имавме име“ – вели во изјава за „Фронтлјан“, Нано Ружин, поранешниот амбасадор во НАТО, коментирајќи ги јавните судири во триаголникот Скопје, Софија, Атина за (не)почитување на договорот од Преспа и оној за добрососедство со Бугарија.

– Сметам дека треба од Претседателката, преку премиерот до министрите, да го коригират својот однос и да почнат да го употребуват изразот, името на државата – Северна Македонија насекаде. Смешно е да кажете дека вие во приватна комуникација ќе ги користите овие изрази, ваше право е само доклку се откажувате од актуелните функции, потенцира Ружин.

Слична е состојбата, додава нашиот соговорник, и со промената на преговарачката рамка.

– Треба да е јасно дека ние немаме проблем со Бугарија, ние имаме проблем со Европската унија. Преговарачката рамка е резултат на договор со Европската унија и овој договор е значаен и тоа ни овозможува да тргнеме напред кон евроинтеграциите – особено во овие моменти кога Молдавија и Украина ги почнуват преговорите. Секој изгубен ден, практично е ден изгубен за нашата држава и наштиот народ. Може да не ги респектирате меѓународните договори, но тогаш ќе се соочите со меѓународни санкции, подвлекува нашиот соговорник.

Според него, тие санкции може да бидат пред сѐ од страна на ЕУ, а може да доведат до влошување на позициите на Северна Македонија, како што истакнува Ружин, во услови кога и Бугарија и Грција се практично обединети во однос на непочитувањето на меѓународните договори од страна на владата.

Партнерите на премиерот Христијан Мицкоски од коалицијата „Вреди“ велат дека има разговори со меѓународниот фактор по прашањето за гаранции.

– Со меѓународниот фактор разговараме за можностите да има гаранции дека нема да има нови барања додека трае процесот. Односно, дека ова ќе биде единственото барање од страна на бугарската држава, од Бугарите, изјави на ТВ 21, Изет Меџити, претседател на Демократското движење и министер за екологија.

ВМРО-ДПМНЕ досега испрати многу јавни пораки на оваа тема и во периодот кога беше опозиција и по доаѓањето на власт. Досега официјални разговори на таа тема немало, барем не обелоденети во јавноста. Првата посета на премиерот Христијан Мицкоски на престолнината на ЕУ се очекува по назначувањата на првите луѓе на европските институции, како што најави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, за време на неговата прва работна посета на Брисел.

Во период кога во соседна Бугарија сѐ уште не е формирана влада, а европските институции ги чекаат новите раководители, единствени јавно потврдени разговори што се водат со цел да се најде решение, се со белгискиот независен експерт Питер Ванхауте.

Неговото име е познато во домашната јавност, со оглед дека беше ангажиран од ЕУ како олеснувач за надминување на политичката криза во Македонија во периодот 2015-2016 (преговoрите во Пржино), а по звршувањето на тој мандат доаѓаше и како независен експерт. Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ уште во мај објави дека разговарал со Ванхауте за прашањата меѓу Скопје и Софија.

Фронтлајн

ЕУ Ружин Скопје Софија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.