Европската комисија ќе ѝ даде условна дозвола на Турција за движење во шенгенската зона без визи, пишува Би-Би-Си.
Ова е дел од договорот меѓу ЕУ и Турција за мигрантската криза и претставува според кој, Анкара треба да прими назад дел од бегалците кои преку море стигнаа до Грција.
Одлуката за слободното движење на турските државјани во Европската Унија ќе мора да биде одобрена во Европскиот парламент, а Турција ќе мора да се придржува до правилата кои важат за земјите-членки на Унијата.
Иако ЕУ очајно се обидува да го одржи договорот со Турција, документот е под критика на групите за човекови права, кои сметаат дека Турција не е безбедно место за враќање на бегалците.