Ќе дојде ли, сепак, до голем пресврт со кариерата на Стивен Жерар? – Пред два дена се пишуваше дека би можел да продолжи во Њукасл или Селтик или да се врати во Ливерпул, а денеска нешто сосема ново и неочекувано и тоа од „Би-Би-Си“. Британскиот сервис јавува дека легендарниот играч на „црвените“ од „Енфилд“ сериозно се поврзува со англискиот третолигаш МК Донс (поранешен Вимбдлон) што се натпреварува во англиската фудбалска дивизија 1 или трета лига.
Жерар заврши со обврски кон Лос Анџелес Галакси и како слободен играч замина од САД. Негово враќање во Англија се очекува во декември, но сè уште не се изјаснил дали ќе продолжи да игра фудбал или ќе се посвети на тренерската работа. Судејќи според „Би-Би-Си“ и останатите медиуми на Островот, фудбалерот, по сè судејќи, најверојатно ќе се реши за втората опција.
Доколку се оствари ваквата вест, Жерар би го наследил Карл Робинсон и ќе има исклучително тешка сезона во дивизија 1. Тимот на МК Донс важи за еден од кандидатите што ќе се борат за опстанок. Моментно се наоѓа на