Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Би-Би-Си: Украински војници реагираат на американскиот договор за мир

0
By Zoran Ivanov on November 24, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 24, 2025 18:24

Други борци мислат спротивното. Матрос, кој се бори од 2018 година, смета дека предавањето на Донбас „би поништило сè сите жртви, целиот напор, сите загинати војници и цивили“.

Украинските војници на фронтот реагираа на нацрт-предлогот за мир на САД со мешавина од пркос, гнев и резигнација, според одговорите испратени до Би-би-си преку социјалните медиуми и е-пошта откако деталите за првичниот план беа објавени минатата недела.

Оттогаш, американските и украинските преговарачи работат на амандмани, додека разговорите за „рамка за мир“ продолжуваат. Но, раните реакции од фронтот откриваат длабока недоверба кон американскиот документ.

„Ужас … никој нема да го поддржи“

Јарослав, војник од источниот фронт, вели дека планот е „ужасно лош… никој нема да го поддржи“, додека воениот лекар со кодно име Штуцер го нарекува нацртот „апсолутно срамен и недостоен за нашето внимание“.

Друг војник, познат под псевдонимот Снејк, искрено признава дека му се чини дека „дојде време барем за некаков договор“. Како што пренесува британскиот медиум војниците коментираа за некои од клучните точки од оригиналниот американски мировен план. Од друга страна САД го презентираа својот нацрт во момент кога Русија бележи значителен напредок на бојното поле, при што Украина изгуби дополнителни 450 км² само во изминатиот месец, наведува медиумот.

Нека го земат Донбас, нема повеќе луѓе

Украина и понатаму контролира околу 15% од Донбас, клучен стратешки регион кој со години е во фокусот на руските амбиции. Но, американскиот нацрт предвидува предавање на целиот регион, вклучувајќи ги териториите што украинските сили ги бранеа речиси четири години.

„Нека го земат“, вели Снејк. „Речиси никој не остана во градовите и селата… Не се бориме за луѓе, туку за земјата, додека губиме уште повеќе луѓе.“

Андриј, офицер на Генералштабот, признава дека предавањето на Луганската и Донецката област е „болно и тешко“, но верува дека Украина можеби нема избор.

„Можеби не сакаме да се откажеме, но нема да можеме да го одржиме со воена моќ и ресурси.“

Други борци мислат спротивното. Матрос, кој се бори од 2018 година, смета дека предавањето на Донбас „би поништило сè сите жртви, целиот напор, сите загинати војници и цивили“.

Намалување на украинските вооружени сили

Оригиналниот американски нацрт-договор бара Украина да ги намали вооружените сили на 600.000 војници, значително помалку од сегашните повеќе од 800.000, но сепак повеќе отколку пред руската инвазија во 2022 година.

Снејк верува дека земјата ќе има потреба од голем број војници за обнова по војната.

„Која е поентата да имаме толку многу војници ако ќе има безбедносни гаранции?, прашува украинскиот војник.

Андриј се согласува: „Ако има цврсти гаранции, нема потреба од толку многу војници. Луѓето се уморни и сакаат да се вратат кај своите семејства.“

Штуцер, од друга страна, вели дека армијата е „единственото нешто што нè одделува од пораз и поробување“, додека Матрос го нарекува предлогот „апсурден и манипулативен“.

Безбедносни гаранции

Клучното прашање за сите војници е: како Украина ќе се одбрани по потпишување на договорот?

Нацртот го исклучува членството во НАТО, но не и влезот во ЕУ. Предвидува американски безбедносни гаранции, но без јасни механизми. Исто така, забранува присуство на НАТО трупи во Украина.

Евген, оператор на беспилотни летала, верува дека единствена вистинска гаранција е распоредување сојузнички трупи.

„Ми се допаѓа планот на Велика Британија да испрати трупи во Украина. Тоа е единствениот начин да се победи – вели тој.

Но, Андриј не ѝ верува на Европа.

„Европа се покажа како кукавичка и поделена. Сета надеж останува кај САД – додава војникот.

Сепак, нацртот на САД предлага одржување на нови избори во Украина во рок од 100 дена по завршување на војната. Изборите во земјата моментално се забранети поради воена состојба, но незадоволството од властите расте по серијата корупциски скандали.

Би-Би-Си

 

Би Би Си војници Договор Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 19, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

ВЕСТИ May 19, 2026

Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче:

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.