Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бил Клинтон – Првиот џентлмен во историјата на САД

0
By Нова ТВ on August 3, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 3, 2016 15:06

Новинарка: Тамара Јовановска

Една од најактуелните вести кои кружат низ светов деновиве се претседателските избори во САД кои ќе се одржат на 8.ноември, оваа година.

По официјалното номинирање на демократскиот кандидат Хилари Клинтон за  претседател, таа влезе во историјата на Америка како првата жена номинирана за претседател.

По долговековното владеење на белите мажи во Америка, земјата на демократија и еднакви можности, од Џорџ Вашингтон па се до Џорџ Буш, во 2009 за првпат истапи надвор од конвенционалноста и за претседател беше избран Барак Обама, првиот Афро-американец кој застана на чело на оваа одговорна функција.

Меѓутоа доколку на следните избори за оваа функција биде избрана Хилари Клинтон, Американците ќе мораат да се сочат со неколку дилеми кои досега не им претставувале проблем – поранешната Прва дама да стане Претседател. Главниот “проблем“ овде ќе биде сопружникот на претседателката, Бил Клинтон, поранешен претседател, а сега “Прва дама“?

„Протоколот се наоѓа во недоумица околу улогата на Клинтон како сопружник. Дури и името Прва дама, резервирано за сопругите на претседателите, сега ќе мора да се промени. Во игра се две варијанти: Прв сопружник или Прв џентлмен (господин). Самиот Клинтон во неколку наврати се има пошегувано на своја сметка велејќи дека не му пречи и да го викаат Прв батка, Прв фраер, па дури и Адам (алудирајќи на библијата)” – изјавува за НОВА, Маљковиќ-Атанасовска од Академијата за протокол, која внимателно ја следи моменталната ситуација со изборите во САД.

Таа дополнува дека иако станува збор за исклучително специфична ситуација, сепак истата не е нерешлива.

„Американските медиуми веќе излегоа со текстови кои се осврнуваат на идниот статус на Бил Клинтон доколку Хилари Клинтон биде избрана за претседател на САД. Не само што таа би била прва Американка која станува претседател, туку е и поранешна Прва дама, значи станува збор за една исклучително специфична ситуација, која сепак, не е нерешлива. Бил Клинтон е поранешен претседател и според тоа ужива одредени привилегии – поранешните претседатели на САД се наоѓаат на петтата позиција на американската пресенс листа веднаш по претседателот на Врховниот суд. Така што дури и во ситуации во кои тој нема да се појавува како сопружник на Претседателот на САД, неговото место во официјалните пригоди е резервирано”, вели Лукреција Маљковиќ-Атанасовска.

Таа додава дека тешко е да се очекува дека Бил Клинтон би го минувал времето составувајќи менија или одбирајќи порцелан, нешто што е традиција и карактеристично за првите дами низ историјата. Клинтон и самиот е многу активен во рамките на својата фондација, па се претпоставува дека ќе игра голема улога во водењето на државата, пред сè како неофицијален советник на својата сопруга, а возможно е и да добие некоја официјална позиција.

„Сепак, Клинтон ќе мора да се соочи со фактот дека во Овалната соба и во западното крило на Белата куќа сега ќе биде неговата сопруга, а не тој самиот, и дека на официјалните фотографии тој ќе стои од страната на сопружниците дури и на оние шефови на држави со кои на времето бил на ист ранг“, истакнува таа.

Во историјата, со слична ситуација се соочувале и сопружниците на некои моќни лидерки познати во светот, меѓу кои и поранешната претседателка на Аргентина, Кристина Фернандез де Киршнер, чии сопруг, Нестор Киршнер, исто така бил во улогата на Бил Клинтон, и претседавал со земјата од 2003 до 2007 година а потоа настапувал на политичката сцена како сопруг на Кристина Фернандез.

Неговиот тогашен “назив“ е Прв џентлмен, со до смртта во 2010 година. За тоа време Кристина Фернандез е сѐ уште претседателка на Аргентина.

Историјата познава слични позиции на мажите сопрузи на своите жени лидерки и во Костарика, Еквадор и други земји.

Бил Клинтон претседател САД Хилари Клинтон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 18, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

ВЕСТИ May 18, 2026

Советот на Европа направи нов институционален чекор кон формирање Специјален трибунал за злосторството агресија против…

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.