Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сообраќајна несреќа кај Струмица: Еднo лице загина, осум се повредени

0
By Нова ТВ on June 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на магистралниот пат Струмица – Радовиш, пред крстосницата за селото Василево, загина С.Г. (34) од село Градашорци, потешко се повредени три лица, додека со полесни повреди се здобиле петмина.

Во денешниот полициски билтен се наведува дека во сообраќајката учествувале автомобил „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од Е.С. (55) од Скопје, во кое имало 11 мигранти од Пакистан, патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од С.Г. (34), со сопатник С.Г. (57), и двајцата од село Градашорци, Струмичко и патничко возило „ауди“, управувано од Д.К. од Скопје со тројца сопатници.

Началникот на Хируршкото одделение при струмичката болница, Гошко Гошев изјави дека на лекување биле донесени повеќе лица од кои најтешко повреден бил еден мигрант кој е пренесен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

„Денеска во Скопје треба да биде пренесен и возачот кој ги превезувал мигрантите, а потешко е повредена и сопатничката од автомобилот на загинатиот. На сите примени пациенти им е укажана соодветна лекарска помош и нега и постапено е според протоколите за Ковид-19“, рече доктор Гошев.

Според очевидци во автомобилот „опел астра“ имало мигранти кои се превезувале со голема брзина. Бегајќи од полицијата најпрвин удрил во „пасатот“ потоа во „аудиото“, кое поминало без поголеми последици, и педесетина метри потоа излетал од патот и се забил во ѕид. Дел од повредените биле извлечени со помош на пожарникари од ТППЕ-Струмица, кои користеле специјални хидраулични алатки.

Македонија Мигранти сообраќајна несреќа Струмица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.