Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Билд: И Вучиќ и Рама се за размена на територии, но идејата е опасна

0
By Нова ТВ on August 10, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 10, 2018 14:01

Шведскиот дипломат, Карл Билд, кој е добар познавач на работите на Балканот, не ја поддржува идејата за размена на теротории меѓу Косово и Србија.

Билд, кој во 90-тите години од минатиот век, беше меѓународен посредник за проблемите на Балканот вели дека ваква идеја е многу опасна,дури,како што ја нарекува,катастрофална и ќе предизвика движење на  популацијата.

Во напис за весникот „Вашингтон пост“ наведува дека на една средба му било речено дека освен српскиот претседател Александар Вучиќ идејата за размена на територии ја подржува и албанскиот премиер Еди Рама.

-Кога станува збор за иднината на Балканот, дискурсот забавува со предлагање нови поделби во регионот – рецепт за геополитичка нестабилност. Српските и албанските лидери ја испитуваа можноста за решавање на нивните разлики со користење на размена на територии. Идејата за класификација на поделбите преку размена на територии веќе неколку години циркулира во Белград, но во последно време се вовлекла и во главните албански кругови,смета Билд.

Идејата,според него, воопшто не е нова, во минатото беше опасна и останува така во сегашноста. Поранешниот лидер на Србија, Слободан Милошевиќ, и хрватскиот водач, Фрањо Туѓман, во почетокот на 1990-тите се договорија меѓусебно да ја поделат Босна, но меѓународната реакција ги стопираше тие планови.

Но досега, политиките на Европската унија и САД беа многу јасни: границите што беа во стара Југославија треба да останат на место и решенијата да се бараат во нивни рамки. За да се балканизира и понатаму Балканот е отворањето на регионот за понатамошни конфликти и крвопролевање.

-Состојбата на Косово останува едно од најтешките прашања во регионот. Тоа не беше решено ни интервенцијата на НАТО во 1999 година, ниту пак со независноста во 2008 година, како независна држава и признаена од голем број нации. Се додека нема нормализација на односите меѓу Србија и Косово, прашањето ќе го ограничи потенцијалот на двете земји и стабилноста на регионот. Затоа идејата за нови територијални поделби повторно се појави. Може да има различни верзии на такви сценарија. Косово може да ја напушти областа северно од реката Ибар, населена речиси целосно од Срби, а потоа да добие дипломатско признавање а можеби да добие и некои локалитети во јужна Србија,-наведува Билд.

-Српскиот претседател Александар Вучиќ размислува по овие линии, а и албанскиот премиер Еди Рама беше отворен за тоа, како што ми рече во разговор.Ова е опасно, и Вашингтон и Брисел мора да ги видат опасностите. Постепената интеграција на Србија и Албанија во ЕУ и НАТО врз основа на постојните граници е единствениот пат кон одржливата стабилност во регионот. Поигрувањето со граници и поделби на Балканот беше опасно во раните 1990-ти, и сега останува голема опасност, смета шведскиот дипломат.

Карл Билд Косово Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.