Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Овој месец ќе бидат поделени платежните картички од третиот пакет мерки

0
By Нова ТВ on June 3, 2020 ВЕСТИ
Фото: mms.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 3, 2020 11:14
Третиот сет економски мерки има за цел поттикнување на приватната потрошувачка, помош на граѓаните во овие тешки времиња, но и на домашните компании, особено во секторите што беа најпогодени со корона-кризата, истакна претседателот на комисијата за финанансии на СДСМ, Фатмир Битиќи за „Утрински брифинг“.
„Сетот мерки предвидува и платежни картички за околу 300.000 граѓани кои овој месец ќе ги добијат и картичките и парите“, рече Битиќи.
Тој додаде дека платформата преку која ќе се доделуваат картичките се финализира и врз основа на официјалните податоци на Агенцијата за вработување и на Министерството за труд и социјала и преглед од Управата за јавни приходи ќе врши распределбата на лицата кои ги исполнуваат условите.
„Право на платежна картичка со 9.000 денари имаат невработени и активни баратели на работа, заклучно со 22 мај, приматели на гарантиран минимален приход, без ограничување на возраста, но да немаат дополнителни приходи по никој основ, односно да не биде поголем од 15.000 месечно, или вкупно до 60.000 за периодот јануари-април“, појасни Битиќи.
Тој додаде дека платежна картичка со 3.000 денари ќе се доделува преку истата платформа и ќе може да ја добијат сите вработени граѓани со плата до 15.000 месечно, односно 60.000 во периодот јануари-апри годинава, а истите ќе добијат и ваучер за туризам.
Доделувањето на картичките и ваучерите е автоматизирано, бидејќи граѓаните кои ги исполнуваат условите се запишани и постојат во официјалните евиденции, истакна Битиќи за „Утрински брифинг“.
Кофинансирањето на обуки за ИТ вештини е влог во новата економија
Со кофинасирањето на обуки за ИТ и дигитални вештини сакаме да ги зајакнеме домашните ИТ компании и да поттикнеме формирање нови во овој сектор, бидејќи новата економија, која што ја најавуваме ќе изискува нови кадри, додаде Битиќи.
„Поддршката од 30.000 денари за кофинансирање на обуки аа ИТ вештини и дигитални вештини, како дел од третиот сет економски мерки на владата е наменета за млади лица до 29 години и треба да опфати од 7.000 до 10.000 млади. Ова е влог во новата економија, кој ќе им овозможи на младите да бидат лесно вработливи на ИТ пазарот, што е добро за нив, но и претставува поддршка за целата економија“, истакна Битиќи.
мерки платежни картички СДСМ Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.