Со усогласувањето што оди од јануари, сите пензионери добиваат зголемени пензии за 2,98 отсто, што укажува на стабилноста на Фондот за пензиско осигурување, истакна потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Тој додаде дека се прават последните калкулации и наскоро може да се очекува раст на пензиите.

Не сакам да играм со методологијата, но покачувањето на пензиите ќе биде едно од поголемите што се случило во изминатите години, нагласи Битиќи.

Тој истакна дека до крајот на мандатот на оваа Влада ќе биде воведена минимална пензија, за да се извлече одредена категорија пензионери над прагот на добивање пензија што не е достоинствена.