Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битката САД – Кина за глобална енергетска доминација

0
By Zoran Ivanov on April 25, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 25, 2026 08:43
Веќе денес, според анализите на Меѓународната агенција за енергија (ИЕA) и консултантите на МекКинси, меѓу 60 и 70 проценти од сите електрични автомобили во светот се произведуваат во Кина. А бидејќи економскиот раст во Народна Република Кина забавува, настануваат огромни прекумерни капацитети кои сè повеќе се извезуваат во Европа.
Томас Колман

Светот ја следи битката околу блокираниот Ормуски Теснец и последиците врз глобалните енергетски пазари. Но, зад кулисите, беснее друга битка: трката меѓу САД и Кина за глобална енергетска доминација.

Без оглед на тоа како ќе заврши војната меѓу САД и Иран – на светските енергетски пазари ќе им биде потребно уште долго време за да се вратат во нормала. Многу набљудувачи се убедени дека експлозивниот раст на цените на горивата ќе даде клучен поттик за победнички марш на обновливите извори на енергија.

Зашто, во позадината на актуелното одмерување на силите во Персискиот Залив, двете најголеми светски економии се коцкаат околу тоа како ќе изгледа глобалната енергетска архитектура во иднина – и кој ќе доминира со неа. Актери се: САД под Доналд Трамп, кои со целосна сила го зголемуваат производството на нафта и гас, и Кина, која повеќе од една деценија е на пат од најголем светски загадувач со ЦО₂ да стане глобален задавач на темпото во електричната енергетска револуција.

Американците сакаат фосилната ера да ја одржат жива што е можно подолго, додека Кинезите чекор по чекор ја спроведуваат својата стратегија за доминација во светот со соларни панели, батериски складишта и електрични автомобили „Мејд ин Кина“.

Кина Јулин 2023 | Електрани на јаглен и соларна фарма во покраината Шанкси
И покрај соларниот бум: Околу 60 проценти од вкупните енергетски потреби на Кина сè уште се задоволуваат со јагленФотографија: Ng Han Guan/AP Photo/picture alliance
Нафтата и гасот како лост за доминантна американска надворешна и економска политика

„Во САД јасно доминира агендата за енергетска доминација, која силно се потпира на фосилните енергетски пазари и се обидува енергетското богатство на САД во фосилниот сектор да го искористи во надворешната политика. Тоа оди дотаму што се прават обиди да се стават под контрола други држави богати со ресурси, како Венецуела, односно да се контролираат нивните ресурси, производството и извозот“, вели енергетскиот експерт Андреас Голдтау во интервју за ДВ.

„Од друга страна, ја имаме Кина, која силно се ориентира кон декарбонизација, кон секторот Clean Tech (обновливи извори на енергија плус нуклеарна енергија, н.з.), кон намалување на увозот на нафта и гас. Тоа не е само прашање на климатска политика. Напротив, тоа е прашање на економска безбедност“, објаснува Голдтау, директор на Школата за јавна политика Вили Брант при Универзитетот во Ерфурт.

Скриншот од Белата куќа - танкери со сурова нафта од војната во Иран
Белата куќа ја слави енергетската доминација на САД: „Непријателите ја користат енергијата како оружје, Америка ја испорачува“Фотографија: Screenshot whitehouse.gov

Кинезите јасно препознале дека зависат од други за да можат да го одржуваат својот економски модел и со целата сила се спротивставуваат на тоа. „Кинезите се најголемите инвеститори во обновливи извори на енергија и Clean Tech. И во меѓувреме се водечки во технологиите што ни се потребни за да ја успееме во енергетската транзиција“, вели Голдтау.

Без разлика дали станува збор за паметни енергетски мрежи, соларна или ветерна енергија – веќе ништо не функционира без кинески производи и компоненти, вклучително и ретки метали. „Таму тие значително напредуваа, и кај електролизерите (за производство на зелен водород, н.з.) и кај батериските складишта. Листата е долга. Тоа го прават, од една страна, за да создадат отпорност, но истовремено, секако, и за да постигнат одреден степен на автономија и суверенитет“, додава Голдтау.

Веќе денес, според анализите на Меѓународната агенција за енергија (ИЕA) и консултантите на МекКинси, меѓу 60 и 70 проценти од сите електрични автомобили во светот се произведуваат во Кина. А бидејќи економскиот раст во Народна Република Кина забавува, настануваат огромни прекумерни капацитети кои сè повеќе се извезуваат во Европа.

Успехот на програмата „Made in China 2025“

И кај клучните технологии на енергетската транзиција, Пекинг ги држи сите адути во свои раце. Кина денес контролира околу 80 проценти од глобалниот синџир на снабдување со фотоволтаици. Во некои потсектори (како производството на силициумски подлошки) уделот е дури над 95 проценти.

Според Global EV Outlook на ИЕA, само во првата половина на 2025 година Кина инсталирала повеќе соларни капацитети отколку остатокот од светот заедно.

И уделот на Кина во светското производство на ветерни турбини во последните години нагло порасна. Според податоците на Светската асоцијација за ветерна енергија (ВВEA) и БлумбергНЕФ (Bloomberg New Energy Finance), во 2025 година околу 72 проценти од светскиот пазар на нови ветерни турбини отпаѓале на Кина. Осум од десетте водечки светски производители се веќе кинески компании, како на пример Голдвинд или Енвижн.

Меѓу 2020 и 2025 година, извозот на зелена технологија од Кина се зголемил повеќе од четирикратно, а во 2025 година секторот за чиста енергија, според пресметките на енергетскиот тинк-тенк Ембер, придонел со повеќе од една третина во вкупниот раст на БДП на Кина.

Фосилната енергетска доминација на САД против кинеската електродржава

Од другата страна стојат САД под Доналд Трамп, кои кочат кај обновливите извори на енергија, а силно го забрзуваат развојот на фосилните горива. „Drill, baby, drill“, им викаше Трамп на своите поддржувачи уште во изборната кампања. А максималното дупчење е исто така кредото на министерот за енергија на Трамп, Крис Рајт – основач и поранешен директор на вториот најголем фрекинг-концерн во Северна Америка, Либерти Енерџи.

„Не е тајна дека САД под Трамп водат политика на ‘Energy Dominance’. Таа политика е целосно јавна. Министерот за енергија Крис Рајт за тоа зборува со години. И таа доминација треба да се постигне преку зголемување на домашното производство и извоз на нафта и гас. За таа цел се сака и контрола над странски ресурси, како на пример во Венецуела, а можеби и она што ќе се случи со Иран“, вели Хенинг Глојштајн, енергетски експерт во лондонската канцеларија на њујоршката консултантска компанија Евроазија Груп.

Американската фрекинг-револуција ги направи САД енергетски извозник

За само 20 години, Соединетите Американски Држави од најголем светски увозник на нафта и гас станаа најголем глобален извозник на гас и еден од доминантните извозници на нафта, пресметува министерот Рајт. Тоа беше овозможено со „револуцијата со шкрилци“, односно фрекинг-бумот во САД, кој драстично го зголеми производството на гас и нафта.

„Денес Соединетите Американски Држави произведуваат повеќе нафта од Саудиска Арабија и Русија заедно и повеќе природен гас од Русија, Иран и Кина заедно – со што ја зацврстуваат својата улога како неприкосновен глобален енергетски лидер“, самоуверено наведува Белата куќа на својата веб-страница.

Пониски царини при купување на фосилна енергија од САД

Дали тоа значи дека за Трамп нафтата е пред сè геополитички фактор на моќ што треба да се поседува и контролира_

„Апсолутно“, вели експертот од Евроазија Груп во интервју за ДВ. Тоа се гледа и во начинот на кој САД преговараат со своите трговски партнери. „Минатата година САД рекоа: во замена за релативно ниски царини, Европа треба да купува повеќе американска нафта и гас.“ Истата стратегија американската влада ја применува и со други партнери како Јапонија, Тајланд или Индија, притоа инсистирајќи на што подолги договори за испорака.

„Ако германска компанија во САД побара течен гас, односно ЛНГ, новиот снабдувач ќе каже: во ред, од 2028 година можеме да испорачуваме два до три милиони тони годишно за Германија – и тоа во рамки на дваесетгодишен договор. Така гасот се вградува во системите во Германија за уште 20 години. Американците го прават тоа многу активно“, објаснува Глојштајн за енергетската политика на САД под Доналд Трамп.

САД како гаранција за изобилство на гас и нафта

„САД се најголемиот извор на раст на производството на нафта во светот“, нагласува Фатих Бирол. Шефот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) сепак предупредува да не се гледа само на фосилните горива. „Не смееме да заборавиме: енергетската безбедност во 21 век не значи само достапност на нафта и гас, туку и диверзификација на синџирите на снабдување за чисти технологии.“

Во тој сегмент Кина има јасна предност. „Револуцијата со шкрилци“ им помогна на САД да постигнат енергетска независност и поголема геополитичка тежина. Истото го посакува и Кина преку глобално лидерство во зелените технологии. Но, патот до таму е долг: јагленот сè уште учествува со околу 60 проценти во вкупните енергетски потреби на Кина.

За енергетските експерти Глојштајн и Голдтау, глобалниот тренд јасно се движи кон обновливи извори на енергија – не само поради војната со Иран, блокадата на Ормускиот Теснец и екстремно високите цени на нафтата и гасот. Но, кој на крај ќе преовлада? Доминацијата на фосилните горива на САД или електрифицираната држава што ја турка Пекинг? Голдтау вели:

„Ако треба некаде да инвестирам и да се обложам, би рекол дека тоа е електрифицираната држава – која не само што се обидува да ја обезбеди енергијата од домашни извори, најчесто обновливи, туку и развива технологии што им се потребни на другите.“

Текстот е сопственост на ДВ на германски јазик

доминација енергија Кина САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

ВЕСТИ June 6, 2026

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови…

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.