Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бизнис форум: Презентирана македонската понуда за израелските компании

0
By Нова ТВ on September 3, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 3, 2017 20:05

Премиерот Зоран Заев, обраќајќи се пред бизнисмените од Израел на Бизнис форумот во Ерусалим им порача да соработуваат со македонските компании истакнувајќи дека Македонија има природни ресурси, квалификувана работна сила, а Владата е определена да им помогне на претпријатијата да се развиваат.

Владата на Република Македонија ја иницирала оваа соработка во Израел поради испиративниот економски раст на оваа држава, којашто е помала од Македонија по територија, има неколку пати пати повеќе жители од нашата држава, но е меѓу првите во светот по бројот на старт ап компании, една од планираните мерки на Владата во Програмата, а бележи и напредок во иновациите и науката на светско ниво.

– Работиме на интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО, коишто значат стабилност, но и можности за инвестиции и економски развој. Наша зацртана цел е квалитетен живот за граѓаните во Македонија, рекол премиерот Заев на Форумот, соопшти владината прес служба.

Тој посочи дека новата Влада е ориентирана кон поддршка на домашните претпријатија и создавање услови за реални странски инвестиции, како и за развој на други области, како што се земјоделството, енергетиката, туризмот…

– Имаме поволни даноци, позитивна клима за живеење, имаме добра соработка со Израел, отворени сме да примениме искуства од Израел, ве поканувам да ја посетите Македонија, им се обрати премиерот Заев на израелските бизнисмени.

Тој ги повика претставниците од бизнис заедниците на двете држави да го искористат заедничкото присуство на Бизнис формумот за да се запознаат подобро и да направат чекори напред во соработката.

На Бизнис форумот се обратија и заменик претседателот на Владата за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши, а на средбата е присутен и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека директен лет на релација Македонија – Израел, може дополнително да ја стимулира бизнис соработката меѓу двете држави.

На Бизнис форумот присуствуваат претставници на израелската бизнис заедница од областа на дигиталната технологија и компјутрскиот бизнис, земјоделството, туризмот, претставници на фирми – бизнис инкубатори, од телекомуникациите кои изразија интерес за условите за инвестирање во соодветните области.

Пред почетокот на Бизнис формумот, владината делегација предводена од премиерот Заев посети позната фирма, бизнис инкубатор. Станува збор за фирмата АtoBiAzrieli College of Engineering Accelerator, како и две светски компании од Израел, Mobilеy и Orcam, коишто почнале како страт ап компании.

Бектеши Бизнис форум Израел Заев Кочо Анѓушев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.