Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Благодарение на „Соберана 02“ и на „Абдала“: Куба спроведе успешна имунизација со сопствени вакцини и се отвора за туристи

0
By Sashko on November 24, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Куба повторно се отвора за туристи, откако со својата домашно развиена и произведена вакцина успеа да го запре ширењето на коронавирусот. По тешки 12 месеци и пребрзото отворање на земјата во услови на пандемија на ковид-19, државата воведе „затворање“ и спроведе успешна програма за вакцинација што го забави ширењето на вирусот во земјата. Куба сега е една од ретките земји со пониски приходи каде не само што е вакцинирано мнозинство од населението, туку и единствената што го направи тоа со вакцина што ја разви сама.

Кога почна пандемијата на ковид-19, Куба одлучи да не чека остатокот од светот да развие вакцини. Тамошните власти знаеја дека 60-годишното економско ембарго на САД против земјата ќе спречи производи од САД да се извезуваат таму, што би значело отежнато снабдување со вакцини и лекарства, наведува „Нејчр“.

Најдобро беше, за заштита на нашето население, да бидеме независни, вели Висенте Верез Бенкомо, генерален директор на Институтот за вакцини „Финлеј“ во Хавана.

Така, Институтот „Финлеј“ и другите државни биотехнолошки центри на Куба започнаа да развиваат свои вакцини против ковид-19, со надеж дека барем една од нив ќе биде ефекасна. Според резултатите добиени на 6 ноември, Верез Бенкомо и неговите колеги информираа дека една од вакцините на Институтот, „Соберана 02“ е со над 90 отсто ефикасност во заштита од симптоматски ковид-19 кога се користи во комбинација со сродна вакцина. Посебно се истакнува дека комбинацијата се чини дека е ефикасна против високо преносливата Делта варијанта на коронавирусот САРС-КоВ-2, која предизвика пораст на хоспитализации и смртни случаи ширум светот и сега е одговорна за речиси сите случаи на ковид-19 во Куба.

Според податоците објавени на 18 ноември, 89 отсто од населението на Куба, вклучително и деца на возраст од две години, примиле најмалку една доза на „Соберана 02“ или другата кубанска вакцина наречена „Абдала“, која се произведува во Центарот за генетско инженерство и биотехнологија (CIGB) во Хавана. Центарот во јули објави дека „Абдала“, вакцина со три дози, била повеќе од 92 отсто ефикасна во испитувањата во фаза III кои опфатиле повеќе од 48.000 учесници, но целосните резултати сè уште не се објавени.

Регулаторната агенција на Куба ги одобри вакцините „Абдала“ и „Соберана 02“ за употреба кај возрасни со во јули, односно во август, а здравствените работници почнаа да ги имунизираат децата со двете вакцини неколку месеци подоцна. Земјата почна да ги извезува двете домашни вакцини во Венецуела, во Виетнам, во Иран и во Никарагва. Куба побара од Светската здравствена организација (СЗО) да ги одобри нејзините вакцини, што е важен чекор за да се овозможи да бидат достапни во светот во развој.

Во развојот на „Соберана 02“, групата на Верез Бенкомо ја искористи својата постоечка технологија за „конјугирана“ вакцина. Конјугираните вакцини на „Финлеј“ земаат протеин или шеќер од бактерија или вирус и хемиски го поврзуваат со безопасен фрагмент од протеин невротоксин од бактеријата тетанус. Комбинацијата предизвикува посилен имунолошки одговор од која било компонента сама по себе. Во светот се користат конјугирани вакцини против менингитис и тифус, а Куба со години ги имунизира децата со вакцина од овој тип.

Тимот на Верез Бенкомо ја адаптираше технологијата на конјугирана вакцина за да се справи со ковид-19. Откако повеќе од 14.000 луѓе примија две дози од вакцината во третата фаза од студијата, ризикот од симптоматски ковид-19 кај примателите беше намален за 71 отсто, во споредба со плацебо групата со иста големина, ефикасност слична на вакцините направени од „Џонсон&Џонсон“ и „АстраЗенека“.

За да се подобри оваа заштита, тимот на „Финлеј“ им даде трета доза на учесниците во истражувањето. Истражувачите претходно тестирале вакцина наречен „Соберана плус“ на луѓе веќе болни од ковид-19 и откриле дека го подобрува нивниот имунолошки одговор. Така, тие им дадоа „Соберана плус“, вакцина која се базира само на протеинот RBD на друг сет од 14.000 учесници кои веќе примиле две дози „Соберана 02“ и откриле дека третата доза ја зголемила вкупната ефикасност на 92,4 отсто.

Верез Бенкомо вели дека Институтот „Финлеј“ може месечно да произведува 10 милиони дози од вакцината „Соберана 02“. За натамошно тестирање на вакцината, тој и неговите колеги соработуваа со Институтот „Пастер“ во Техеран за да спроведат слично тестирање со 24.000 лица во Иран и очекуваат тие резултати да бидат наскоро објавени.

Вакцината „Абдала“ на ЦИГБ, исто така, бележи голем напредок. Како и кај „Соберана 02“, технологијата зад вакцината е адаптирана од постоечка вакцина, онаа за хепатитис Б, што Куба ја разви и ја користи многу години.

Истражувачите конструирале клетки од квасец за да произведат дел од RBD различен од оној што се користи во „Соберана 02“, а потоа го прочистиле протеинот за употреба во „Абдала“. Истражувачот на ЦИГБ, Мерардо Пујол Ферер вели дека 24 милиони дози биле администрирани на 8 милиони луѓе во Куба, што им дава на истражувачите голем сет на податоци со кои може да се следи безбедноста и ефикасноста. Тој вели дека тимот планира да ги објави своите податоци подоцна овој месец.

„Абдала“ „Соберана 02“ вакцини Ковид-19 Куба Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.