Со зелените коридори на граничните премини овозможуваме брз транспорт и добра регионална соработка, напиша попладнево министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на Фејсбук.

Како министри од регионот се согласиле да работат на олеснување на процедурите за да го забрзаат транспортот на стока од регионот во земјите од ЕУ.

– Ние сме пример за добрата регионална соработка преку иницијативите за изградба на заеднички гранични премини со Србија и останатите земји од регионот, пишува Бочварски.