Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богоевски: Одговорност се презема лично, а не кукавички криејќи се зад диктатори

0
By Нова ТВ on June 11, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 11, 2019 13:53

„Одговорност се презема лично, храбро пред оние кои те избрале, а не кукавички, во бегство криејки се зад диктатори кои делат слични убедувања  со вас“, кажа Павле Богоевски откако Собранието ја констатираше неговата оставка на пратеничката функција.

Тој ја обвини опозицијата дека со ВМРО ДПМНЕ и денес раководи „пастирот Груевски“. Доказ за тоа, според Богоевски е тоа што пратениците на ВМРО ДПМНЕ не собрале храброст на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања да гласаат за одземање на мандатот на Груевски, и покрај очигледното отсуство од 6 месеци во Собранието.

„И Мицкоски како Груевски  се обиде да се скрие зад пратениците кои не гласаа за одземање на мандатот на Грувсеки. Но, пратеничката група на СДСМ не дозволи да зема плата од народот за да ужива во скапи хотели  и забави на бродови на Дунав.

Од денеска, Груевски е само бегалец од правдата и ништо повеќе од тоа и тој единствено со лисици може да се врати во земјава“, кажа Богоевски.

Богоевски поднесе оставка откако беше објавен телефонски разговор во кој тој нарачува масло од канабис. Тој рече дека нема увид во истрагата која се води, но дека „без разлика што ќе покаже истрагата, сум подготвен да се соочам со последиците“ .

Оставката на Богоевски беше констатирана на денешната седница, на која беше констатирана и оставката на Груевски. Оставката, Груевски ја поднесе на 5 овој месец, откако претходно собраниската Комисија му предложи на Собранието да му го одземе мандатот поради отсуството од 6 месеци од Собранието, како што е предвидено и во законот. Груевски избега во Унгарија откако беше осуден на казна затвор за случајот со набавката на луксузниот мерцедес.

Ѓорѓи Камчев од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Филиповски ќе бидат новите пратеници во Собранието.

Извештајот за констатираните оставки  на пратениците ќе биде испратен до ДИК која веднаш на седница ќе ги констатира и ќе ги предложи Камчев и Филиповски за нови пратеници.

Се очекува информацијата за двајцата нови пратеници ДИК да ја проследи во текот на попладнево.

Ѓорги Камчев доаѓа од редовите од ВМРО-ДПМНЕ од листата за пратеници од четвратата изборна единица, додека Александар Филиповски беше на листата на СДСМ во првата изборна единица.

 

 

 

Груевски оставка Павле Богоевски пратеник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.