Крилниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати е новиот најмлад фудбалер што заиграл во Лигата на шампиони. Младиот играч од Гвинеја Бисао беше во стартниот состав на Каталонците на гостувањето кај Борусија Дортмунд на возраст од 16 години и 321 ден со што го надмина Бојан Кркиќ кој за тимот од „Камп Ноу“ дебитира во 2007 година со 17 години и 22 дена.
Фати беше повлечен од игра во 59. минута, отстапувајќи му место на Лионел Меси. Доколку успееше да постигне гол против „милионерите“, ќе го собореше и рекордот на Питер Офори Куаје кој беше стрелец за Розенборг со 17 години и 195 дена.
Фати неодамна потпиша договор со Барселона со откупна клаузула од 100 милиони евра.