Украинецот Александар Усик е нов светски боксерски шампион во тешка категорија. Во синоќешниот спектакл во Лондон, тој славеше на поени (117:112, 116:112 и 115:113) над досегашниот владетел на тронот во верзиите ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, Британецот Ентони Џошуа.

Усик е вториот боксер во историјата што стана апсолутен шампион во тешка категорија со сите обединети титули, по Ивандер Холифилд пред две децении. Украинецот го стори тоа по само 19 борби во професионалниот ринг.