Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бомби за Титаник: Протуѓер бара да се провери сопругата на Црвенковски

0
By Нова ТВ on August 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 17, 2018 15:21

По паузата, во Кривичниот суд попладнево продолжи слушањето на „бомбите“ кои СЈО ги приложи како докази во предметот „Титаник“.

Во една од нив, Протуѓер и нарачува на Јанкулоска да провери преку нејзините контакти, дали сопругата на експретседателот на државата, Бранко Црвенковски, Јасна, поседува имот во Хрватска.

-Ни треба потврда дали е тоа лице. Чуј се со Горан Трајковски, вели Протуѓер, бидејќи тоа според него ќе направело „пресврт во кампањата“.

Јанкулоска во следен разговор му потврдува дека проверувале во регистарот на државјани и во регистарот на дијаспората. Протоѓер и’ дава насоки да провери преку сестра и’ на сопругата на Црвенковски, која работела во Амбасадата кај Љубиша Георгиевски.

-Ни Дачиќ не знае каква услуга сум побарала, оти и он е комуњар, знаеш, вели Јанкулоска.

-Ти вртам за да знаеш како да го спакуваш, додава Јанкулоска. Таа подоцна на Протоѓер му потврдува дека на таа адреса во Хрватска, семејството кое живее таму е на Јасна Црвенковска, сопругата на Бранко Црвенковски.

Јанкулоска, според разговорите, потоа прави нарачка до Антикорупциска да отворат предмет.

-Ај кажи Антикорупциска да си имаат предмет за имотот на Б.Ц. Јави им се на Борче и на Љубинка, охрабри ги!, му вели Јанкулоска на Иво Котески.

На крајот на разговорот Јанкулоска уште еднаш му вели на Котески да сврти некој телефон и да се јави на тогашниот претседател на комисијата Воислав Зафировски.

Од следниот разговор меѓу двајцата сопартијци се дознава дека Антикорупциска ја послушала партиската наредба, односно „се охрабриле“ да постапуваат.

Во досегашниот тек од рочиштето слушнати се речиси 50 разговори од вкупно 1.063 аудио снимки. Во нив најчесто разговараат Протуѓер и Јанкулоска, а се однесуваат на прилозите објавени на А1 дека секој вработен во државната администрација треба да предложи по 15 гласачи, а она што објавувал Канал 5, и за работата на тогашниот Државен јавен обвинител Љупчо Шврговски.

„Титаник“ бомби рочиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.