Силвана Бонева во Специјалното јавно обвинителство пристигна без придружба на адвокат. По еден час минат внатре, таа не сакаше да одговори во какво својство е повикана во СЈО и рече тоа е медиумско-политички циркус.
„Кога го гласаа законот за Специјалното јавно обвинителство во Собранието, во ниедна одредба не стоеше дека пред истражната постапка која треба да биде тајна, ќе биде медиумско политички циркус. Сите вие сте сведоци на тој политичко – медиумски циркус. И јас сум убедена дека оние кои што ве повикале овде, ќе ви дадат изјава зошто сум повикана, за кој предмет и што се разговарало.“, изјави Бонева откако излезе од СЈО
Таа одби да одговори на прашање на НОВА, дали во СЈО е повикана како сведок или како осомничена.
Претходно во СЈО беше лидерот на ДПА Мендух Тачи кој изјави дека ова не се моменти во кои треба да се даваат изјави.
По завршувањето само кусо прокоментира:
„Кога правото зборува, политиката треба да молчи“, изјави Тачи
Во Специјалното јавно обвинителство во моментов е лидерот на ПЦЕР Самка Ибраимовски.