Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборните манипулации на дневен ред во СЈО

1
By Нова ТВ on August 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 22, 2016 15:56

izbornimanipulacii

Во рок од три часа, денеска во Специјалното јавно обвинителство помина сослушувањето на лидерот на ДПА – Мендух Тачи, екс пратеничката и актуелен член на ДИК Силвана Бонева, како и лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите – Самка Ибраимоски.

Сите тројца во Специјалното обвинителство се појавија без придружба на адвокати, а по завршувањето на одделните распити никој од нив не сакаше да сподели детали за предистражната постапка за која се повикани.

Ниту обвинителството не споделува детали за што се повикани тројцата политичари и дали даваат исказ како сведоци или осомничени. Не се знае ниту дали распитите се однесуваат на кривични дела од материјалите кои опозицијата ги обелодени јавно, или пак од бомбите кои не ги слушна јавноста.

СЈО прв го напушти Мендух Тачи, кој посочи дека ова не с емоменти кога треба да се даваат изјави. По завршувањето само кусо прокоментира:

„Кога правото зборува, политиката треба да молчи“, изјави Тачи.

Името на Мендух Тачи се споменува во осмата бомба на опозицијата кога во разговор со екс шефот на ДБК Сашо Мијалков договараат како да гласа во ДИК членот од редовите на ДПА – Бедредин Ибраими.

Разговор помеѓу Мендух Тачи и Сашо Мијалков

СМ: Мендух…

MТ:Кажи

СМ:Шо праиш?

МТ: Еве тука седам со луѓе

СМ:Имам една хитна ургенција за тебе.

МТ: Да

СМ: Може ли да гласате за нас сега за Струмица? Да не…

МТ: У Комисија?

СМ: Да у ДИК.

МТ: Да може еве да се јавам одма

СМ: Ама треба тоа сега одма да се почне сеа за 5 минути ние одложуваме малце…

МТ:Одма одма…Одма, одма се јавувам за минута и ти кажувам.

СМ: Ајде ајде.

Бонева пак, по распитот заврши дека кога во Собранието гласала за формирање на СЈО, не очекувала дека од предистражните постапки дека ќе се прават „медиумско-политички циркуси“.

-Во ниедна одредба од Законто за СЈО не стоеше дека пред истражната постапка која треба да биде тајна, ќе биде медиумско политички циркус. Сите вие сте сведоци на тој политичко – медиумски циркус. И јас сум убедена дека оние кои што ве повикале овде, ќе ви дадат изјава зошто сум повикана, за кој предмет и што се разговарало.“, изјави Бонева.

Екс пратеничката во опозициските бомби ја има во разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на кој наводно му признава декa нема фирма во Струмица кoја не е изрекетирана.

Разговор помеѓу Силвана Бонева и Никола Груевски

СБ: Ќе треба да внимавате за рекетот и за се тоа што ми го кажувате, пресликано се е Струмица. Јас му кажав на Миле, за време на кампањата, он малку го излажа Ставревски за да не му писка. Оти тоа било пред Миле нели да стигне во Струмица, рекетот што се правел во фирмите во Струмица. Меѓутоа, рекетот не беше на почетокот на кампањата, туку негде до средина на кампањата течеше, и тоа ненормален рекет. Нема фирма што не е изрекетирана во Струмица. И многу лошо тоа се одрази на…
НГ: Кој рекетирал?
СБ: …на самата кампања. Славе Гошев.
НГ: Од кого?
СБ: Славе Гошев. Фирма нема што не е изрекетирана во Струмица…
НГ:Чекај, ама рекет, што е рекет?
СБ: И веќе е сосопственик на Вега…
НГ: Дали они барале спонзорство? Рекет е уцена, ако не ми дадеш, ќе те затворам. А, спонзорство е спонзорство. Му викаш ако можеш помогни ми.
СБ: Со се. Со закани, со закани и со таксување на најневозможни нешта за зимање пари. Со се и сешто. Немаше човек што….

Лидерот на ПЦЕР по распитот во СЈО денеска посочи дека тој сведочел за, како што рече, изборните криминали кои се спроведувале во општината Шуто Оризари, за кои што тој на 21. март пред Влада објави и аудио снимки.

-Ќе се докажува криминалот во изборната единица број два, каде што носител беше поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во 2011 и 2014 година. На пат сме да докажеме многу криминали и тоа ќе се докаже наскоро. Во интерес на истрагата не можам да кажам се, рече Ибраимоски.

Во првата „бомба“ што пред Владата ја обелоденија од ПЦЕР, се слушна како Јанкулоска вели дека добро ја завршиле работата во Шутка и во Куманово. И кажале како некоја Ромка, вработена во МВР, се понудила за пари да го намести Самка Имбраимовски во каква ситуација сакаат за тие да можат да сликаат.

Во еден дел од разговорот со соговорникот, Јанкулоска вели дека можеби тоа и ќе треба да го направат за да имаат некакви докази за секој случај.

Во останатите две „бомби“, Јанкулоска Ромите ги нарекува Цигани и вели „само да не добијат во прв круг, а во вториот, ако треба за уши ќе ги носат на гласање“.


IZJAVI SAMKA IBRAIMOVSKI I TONSKI PARCINJA OD… by 24vesti

Од Специјалното обвинителство претходно преку писмено соопштение посочија дека во периодот што следи ќе има „зголемена фреквенција на луѓе“ во Обвинителството, но поради тајноста на предистражните постапки тие нема да споделуваат детали за што се повикуваат лицата на разговор.

Оттаму посочија и дека постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени неовластено прислушкувани разговори.

избори Мендух Тачи Самка Ибраимоски Силвана Бонева СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.