Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи, зборуваше за голманот на тимот Војчех Шчесни и претстојниот натпревар од 1. коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Малме.

– Тој треба да биде мирен и да не придава значење на критиките. Секој треба да биде фокусиран на теренот. Во Јувентус треба да се навикнеш на притисок. Но, ние сме посилни од тоа. На оние што го носат дресот на Јувентус им веруваат сите затоа што го заслужуваат тоа и не треба да размислуваат за притисоци или критики.

Ќе биде тежок натпревар, бидејќи Малме е физички силна екипа, а ние сме тука да ја однесеме победата дома што ќе ни овозможи да гледаме позитивно на следните натпревари, го цитира Бонучи „Тутоспорт“.

Натпреварот Малме – Јувентус ќе се игра вечер од 21 часот на теренот на шведската екипа.

Во Х-групата од Лигата на шампионите се наоѓаат и екипите на Челзи и Зенит.