На денешната дебата на Климатскиот самит на ОН во Глазгов – COP 26, Лилјана Поповска од Зелениот институт ќе ја претстави повеќегодишната борба на македонските зелени активисти против отворање опасни рудници. Ова е студија на случај кој резултираше со забрана за употреба на цијаниди и сулфурна киселина и заштита на животната средина во региони со земјоделие и туризам.

Настанот е во организација на Зелената европска фондација (Green European Foundation), полската фондација Зелена зона (Strefa Zieleni) и Глобалните зелени (Global Greens). Темата на настанот е: „Зелените во светот се борат за заштита на климата и биодиверзитетот“.

Лилјана Поповска е дел од официјалната делегација на Зелениот економски институт од Оксфорд, кој е редовен учесник на климатските самити на ОН и лобист за итна климатска акција и намалување на температурата на глобално ниво под 1,5 степени целзиусови.