Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел: Русија ќе има големи политички и економски последици во случај на агресија врз Украина

0
By Sashko on December 14, 2021 СВЕТ
Фото: newsbeezer.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секоја агресија против Украина нема да мине без политички последици и високи економски трошоци за Русија, изјави денеска во Европскиот парламент високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел. Сепак тој додаде дека ЕУ првенствено ќе се обиде да спречи ескалација на тензиите меѓу двете земји.

Секоја агресија против Украина нема да помине без политички последици и високи економски трошоци за Русија, изјави Борел пред европратениците.

Украина, Европската унија и САД со недели ја обвинуваат Русија за планирање напад врз Украина, иако Кремљ демантира.

Русија од ноември на необичен начин трупа војници и оружје долж границата со Украина. Украина е наш стратешки партнер и, се разбира, ние сме загрижени поради распоредувањето на руските сили, рече Борел кој ја повтори „непоколебливата поддршка“ на Унијата за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Тој најави нов финансиски инструмент за обезбедување санитетска и логистичка поддршка на Украина за „јакнење на нејзината отпорност“, кој не вклучува оружје.

Според НАТО, Русија распоредила меѓу 75.000 и 100.000 војници, а Западот стравува дека тоа ќе значи повторување на 2014 година, кога Русија го анектираше полуостровот Крим. Истата година, проруските сепаратисти окупираа дел од источна Украина, регионите Доњецк и Луганск. Повеќе од 13.000 луѓе се убиени во судирите кои траат веќе седум години.

Борел ја повика Русија да се врати на преговарачка маса со посредство на Франција и Германија. Тој нагласи дека ЕУ „не сака да придонесе за каква било ескалација“ и додаде дека „треба да се очекува најдоброто, а да се подготвиме за најлошото“.

Кремљ негира дека подготвува инвазија на Украина и тврди дека трупањето на руски војници долж границата со таа земја е исклучиво од одбранбен карактер и бара безбедносни гаранции за сопствената безбедност.

Русија го повика НАТО да не распоредува оружје во земјите кои граничат со Русија и се противи на евентуалното членство на Украина и Грузија во Алијансата.

Земјата, исто така, се заканува дека ќе распореди нуклеарни ракети во Европа како одговор на слични планови на НАТО, кои Алијансата ги отфрла.

ЕУ Жозеп Борел Русија Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.