Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борење: Иран забрани учество на американски тим на Светскиот куп

0
By Нова ТВ on February 3, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иран го забрани учеството на борачите од САД на претстојниот Светски куп во слободен стил во градот Керманшах. Ваквата одлука на иранската Влада следува по наредбата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за забрана за издавање на визи за државјани од седум муслимански држави.

Агенцијата „ИРНА“ го пренесува портпаролот на иранското министерство за надворешни работи кој потврди дека посебна комисија го разгледувала случајот на боречкиот тим на САД и дека се противи на негово доаѓање во земјата. Одлуката доаѓа како прва мерка на властите во Иран по извршната наредба на Трамп за воведување на тримесечна забрана за издавање на дозволи за влез во Соединетите американски држави на граѓани од Сирија, Ирак, Иран, Јемен, Либија, Сомалија и Судан.

Портпаролот додаде дека политика на новата администрација во Белата куќа не оставила друг избор освен овој да донесе забрана за борачите од САД да допатуваат во Иран.

Светскиот куп во Керманшах е на 16 и 17 февруари. Боречката федерација на САД најави дека ќе испрати свој тим на Светскиот куп во Иран што важи за еден од најпрестижните натпреварувања во тој спорт.

Американците се присутни на турнирот во Иран од 1998 година, а иранските борачи се натпреваруваат во САД од 1990 година.

 

Борење забрана Иран САД Светски куп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.