Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бошњаковски: Нема да треба да ги кажувате темите кои ги истражувате

1
By Нова ТВ on September 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 13, 2017 12:06

Со одлука на Владата, новинарите од денеска ќе можат да добиваат бесплатни информации од Централниот регистер, но во барањата ќе мораат да наведат за какви истражувачки цели се работи. Ова денеска беше соопштено на средбата на новинари со новата директорка на Централниот регистер Марија Бошковска Јанковска.

Во владината одлука е наведено дека новинарите кои работат на истражувања ќе треба да поднесат барање до регистарот кое ќе биде ставено на меморандумот на новинарската организација и ќе содржи потпис и печат од главниот уредник.

Портпаролот на владата, Миле Бошњаковски во изјава за НОВА ТВ појасни дека новинарите нема да треба да ја кажат темата на која ќе работат, туку да дадат генерална насока за какво истражување се работи.

„Нема да ги следиме истражувањата на новинарите, ќе треба да дадете само генерална насока за документите кои ги барате“, рече Бошњаковски.

Обврска на Централниот регистер и Агенцијата за катастар на недвижности е на документите кои ќе ги достават до новинарите, на видно место да назначат дека тие се во функција на истражувачка дејност и не треба да се злоупотребуваат за други цели.

Независниот синдикат на новинарите на почетокот на мандатот на оваа Влада побараа документите од Централниот регистар и Катастарот да бидат бесплатни за новинари затоа што новинарите и медиумите  што се работат на истражувачко новинарство плаќаа многу пари за да дојдат до документи.

На пример во Централниот регистар за историјат на фирма се плаќа 1.200, увид во регистарска влошка 760 денари, а обична тековна состојба на компанија 256 денари. За движење на парцела во Катастар треба да се плати повеќе од седумстоти денари. Речиси секогаш новинарите треба да извадат по неколку документи, што беше големо оптоварување за редакцискиот буџет.

документи катастар централен регистар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.