Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Начинот на владеење на Трамп не и се допаѓа ни на американската берза

0
By Нова ТВ on January 31, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ни поплавата “твитови” на Доналд Трамп повеќе не може да ги сопре протестите кои доаѓаат од целиот свет поради декретот со кој се затвораат границите на САД за жители на 7 муслимански земји.

Дури и неговиот претходник Барак Обама крена глас против оваа наредба. Кога замина од Белата куќа Обама рече дека нема да се меша во политичката дебата освен ако бидат доведени во опасност фунаменталните вредности во државата. И тоа се случи одвај 10 дена од заминувањето на Обама. Неговиот портпарол изјави дека “Обама не се согласува со дискримнацијата на индивидуи поради нивната вера или религија”.

Можеби уште полош сигнал за Трамп е падот на американската берза. Вол Стрит ја заврши сесијата со пад – Доу Џонс -0,61 отсто а Насдак -0,83 отсто. Ова е јасен сигнал дека на берзата не и се допаѓа начинот на кој владее Трамп и неизвесноста која ја носи во политиката. Познато е дека берзите сакаат стабилност па се чини дека медената месечина помеѓу Трамп и берзата завршува.

Многу големи компании како Епл, Микрософт, Нетфликс, Ербнб или Гугл кои вработуваат илјадници странци, сметаат дека декретот на Трамп е спротивен од американските вредности. Дури и банката Голдман Сакс, чии што екс директори денес работат за Трамп, ја критикуваа одлуката на претседателот.

Новиот домаќин на Белата куќа се обиде да го одврати вниманието на јавноста кон други теми и најави дека во вторник ќе го објави името на деветтиот член на Врховниот суд, највисоката судска инстанца во САД.

Но и за ова имаше протести. Стотици демонстранти се собраа пред судот скандирајќи дека не сакаат омраза, страв и “бегалците се добредојдени”.

Повеќе дипломати на САД протестираа исто така против наредбата преку официјален дипломатски канал кој го носи името “дисидент”. Тој канал им дозволува на вработените во министерството за надворешни работи да го кажат “искрено и со заштита на приватноста својот став пред нивната хиерархија”, изјави портпаролот на американската дипломатија Март Тонер.

Но, Белата куќа очигледно поинаку ги разбира работите:

“Или ќе ја прифатат програмата или нека си одат”, беше кусиот одговор од портпаролот на Белата куќа.

Министерот за правда на Државата Вашингтон поднесе тужба во која се бара итно стопирање на примената на наредбата на Трамп:

“Никој не е над законите па ни претседателот”, изјави Боб Фергусон.

Реакции имаше и во странство. Во Велика Британија петиција на 1.4 милиони луѓе бара од владата да ја откаже посетата на Трамп во оваа земја. Организациите за човекови права во Белгија го побараа истото од белгиската влада. Во Германија Ангела Меркел изјави дека борбата против тероризмот не оправдува генерализирање на сомнежот врз луѓе врз основа на нивната вера.

анти-имиграцска наредба берза Вол Стрит Обама реакции Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.