Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани, речиси, 20.000 нови случаи на ковид-19, што е рекорден број на заболени лица за едно деноноќие во земјата. Притоа се потврдени и 888 нови смртни случаи, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Досега во Бразил има вкупно 291.579 потврдени пациенти со коронавирус и речиси 19.000 починати лица.

Администрацијата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро вчера одобри употреба на хлорокин, лек против маларија, што неговиот американски колега Доналд Трамп го промовираше како терапија за ковид-19.