Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел со две прекршочни процедури против Унгарија

1
By Нова ТВ on July 19, 2018 СВЕТ
Фото: Дојче веле
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија испрати формално известување до унгарските власти – што е првиот чекор од прекршочните процедури на Брисел против земјите членки – поради загриженост за законот, кој ги криминализира оние кои им помагаа на мигрантите, јави МИА од Брисел.

Унгарски закон наречен „Стоп Сорос“ освен што предвидува до една година затворска казна за активистите и организациите кои повеќе од еднаш им помогнале на „нелегалните“ мигранти да поднесат барање за азил.

ЕК забележува дека со овој Закон се ограничува слободата на движење на граѓаните, бидејќи секој кој е под кривична истрага има забрана да се приближи до граничните предели на земјата, таму каде што се задржани барателите на азил. Брисел смета и дека Законот ги ограничува индивидуалните слободи на граѓаните.

„Стоп Сорос“ исто така го ограничува правото на барање азил на самите мигранти. Па така, на лице кое не побарало азил во земја низ која минало пред да стигне во Унгарија целосно му се одзема правото на азил. Европската комисија смета дека Законот е во спротивност со правото на ЕУ.

Поради сето ова, ЕК оцени дека Унгарија не ги почитува повелбите на ЕУ како и Повелбата на фундаменталните права на ЕУ. Унгарија има сега неколку дена да одговори на формалното известување на ЕК и да ги образложи своите аргументи во одбрана на спорниот закон. Доколку Будимпешта успее да ја убеди Комисијата, прекршочната процедура ќе биде прекината, во спротивно Брисел ќе оди пред Европскиот Суд за правда.

Ова не е прва прекршочна процедура на Брисел против Унгарија во областа на миграцијата. Првата беше покрената во 2015 година и се однесува на унгарското законодавство за азил и враќање, кое ЕУ смета дека не е во согласност со европското право.

– По две и пол години размени помеѓу Будимпешта и Брисел, ЕК денеска дојде до заклучок дека унгарските одговори се незадоволителни и формално ќе ја тужи Унгарија пред Европскиот суд за Правда, најави денеска портпаролката на ЕК, Наташа Берто.

Унгарската влада од своја страна смета дека Брисел е „под влијание на мрежите на Сорос“ и дека Унгарија ја „брани Европа од Брисел“.

Брисел ЕК прекршочни процедури Стоп Сорос
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.