Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека Европската Унија во моментот „не прави ништо или прави многу малку“ по прашањето за Косово, јави дописникот на МИА од Белград.
Немам ништо добро да кажам за однесувањето на Европа, за однесувањето на ЕУ и, пред сè, мислам дека тоа Договорот од Брисел е прашање на ЕУ. Нивниот потпис е на бриселскиот договор, изјави Брнабиќ за ТВ Пинк.
Таа посочи дека Бриселскиот договор е јасно прекршен на Косово, бидејќи северот на Косово не смее да има специјални единици на РОСУ, а ниту девет години по тој договор не е формирана Заедницата на српски општини (ЗСО).
Таа оцени дека ЕУ „не само што толерира Бриселскиот договор да не се спроведува девет години, туку молчи за неговото јасно кршење“.
„И тогаш (ЕУ) кажа на еден од состаноците во Њујорк каде што бев, „што би можеле да сториме за деескалација? – Па, можете да го почитувате својот збор, можете да го направите тоа. За почеток, по речиси девет години, да кажете ,,кога сте гарант на Бриселскиот договор, да ја гарантирате неговата имплементација, а она што во моментот го имаме ќе исчезне за пет минути, рече Брнабиќ.