Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ за албанската телевизија „Орањуз“ изјави дека Србија нема да ја признае „еднострано прогласената независност на Косово“.
Таа тече дека треба да се работи на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
Брнабиќ, посочи и дека треба да се продолжи со спроведувањето на Бриселскиот договор. Според неа, Србија направила многу за исполнувањето на овој договор и таа очекува истото да го стори и Приштина. Како што наведе Брнабиќ, ова најмногу важи за делот од договорот што се однесува на животот на српските заедници.