Бројот на жртви од силниот земјотрес со магнитуда од 7,8 степени што ги погоди јужните Филипини се искачи на 15, соопшти филипинската Канцеларија за цивилна одбрана.
Според Родриго Сосмења, директор на локалната канцеларија за цивилна одбрана, 12 смртни случаи се пријавени во регионот Сокссарген, кој ги вклучува провинциите Јужен Котабато, Султан Кударат и Сарангани, како и градот Генерал Сантос.
Сосмења додаде дека најмалку 129 лица се повредени во регионот, додека спасувачките и службите за итни случаи продолжуваат да ја проценуваат големината на штетата и да бараат можни жртви.
Земјотрес со магнитуда од 7,8 степени го погоди јужниот брег на Филипините, предизвикувајќи предупредувања за цунами и серија силни потреси. Властите ги повикуваат жителите да останат внимателни додека продолжуваат спасувачките напори и проценките во една од најсилните природни катастрофи што ја погодиле земјата во последните години.




