Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Будимпешта: Власта во Унгарија најавува референдум за Украина во ЕУ

0
By Zoran Ivanov on March 7, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 7, 2025 22:09

Говорејќи пред новинарите по итниот самит на сите 27 лидери на ЕУ во Брисел – на кој Унгарија беше единствената членка што одби да ја поддржи заедничката изјава за вооружување на Украина – Орбан рече дека неговата влада ќе спроведе анкета меѓу Унгарците за нивната поддршка за пристапот на Украина во ЕУ.

Имаме таканаречен национален консултативен систем, кој редовно го користиме за собирање на мислењата на граѓаните и сега повторно ќе го користиме, рече тој.

Од 2010 година, владата на Орбан спроведе повеќе од десетина национални консултации на различни теми, од миграција до правата на ЛГБТК+.

Ова се поштенски кампањи во кои сите возрасни Унгарци добиваат писма со прашања и можат да изберат одговори од дадената листа, понекогаш едноставно „да“ или „не“.

Прашањата често се формулирани на сугестивен начин, а огромното мнозинство одговара обично дека се согласуваат со позициите на владата, според унгарските медиуми, додека опозицијата и граѓанското општество ги критикуваат како пропагандна алатка, според Политико.

На пример, една национална консултација за миграциската политика на ЕУ во 2023 година ги праша Унгарците дали го поддржуваат Брисел да создаде „мигрантски гета“ во Унгарија. Помалку од 20 отсто од граѓаните одговориле на истражувањето – но 99 отсто од оние кои учествувале рекле „не“.

Резултатите не се правно обврзувачки, но владата на Орбан ги користи за да ги зајакне своите позиции за спорните прашања, тврдејќи дека имаат поддршка од мнозинството гласачи.

За прв пат, Унгарците имаат можност во Европа да одлучат дали ќе го поддржат членството на Украина во ЕУ или не, изјави денеска портпаролот на унгарската влада Балаш Орбан. Референдумот не би бил обврзувачки.

 

ЕУ референдум Украина унгариоја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.