Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Будуќност се распадна во Белград: Ц. Звезда ја врати титулата и се врати во Евролига

0
By Нова ТВ on April 22, 2019 СПОРТ
Фото: twitter.com/kkcrvenazvezda
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кошаркарите на Црвена звезда го победија тимот на Будуќност со 97:54 (по четвртини: 18:13, 29:8, 27:16, 23:17) во петтиот меч во финалната серија во АБА лигата за конечни 3:2 четврти трофеј во регионалното натпреварување и враќање во Евролигата. Со ова белграѓани се реваншираа на црногорскиот претставник за поразот во ланското финале за титулата. За најкорисен играч во плејоф финалето е прогласен Били Берон.

По тензиитее во Подгорица во третиот и четвртиот натпревар што им припаднаа на кошаркарите на Будуќност, немили сцени и вечерва во салата „Александар Николиќ“ во Белград. Фрлање со тврди предмети кон гостинските играчи и влегување во терен на мала група на навивачи на „црвено-белите“ го одложија почетокот на натпреварот за еден час.

Црвена звезда покажа демонстрација на сила, на моќ, на квалитет. Во тој контекст и вкупната разлика од 100 коша во трите победи на домашен терен со Будуќност иако играше без Џо Регланд и Страрос Перпероглу. Така беше и вечерва. Од првата минута беше подобар ривал на паркетот, а победникот беше решен со извонредна игра во двата правца во втората четвртина. Домашните заминаа на одмор со убедливи 26 поени разлика како навестување за комплетно распаѓање на Будуќност во Белград.

Белградските „црвено-бели“ во еден момент имаа и плус 42 коша, па речиси целиот последен период од средбата беше искористен за предвремен почеток на прослава на титулата и кам-бек во евролигашкото друштво. Она што е интересно е дека ова е прв освоен трофеј на Црвена звезда по двата што претходно ги освои во Загреб и последниот во Сремска Митровица.

АБА лига 

Финална плејоф серија

Петти меч: Црвена звезда – Будуќност 97:54

Четврти меч: Будуќност – Црвена звезда 84:80

Трет меч: Будуќност – Црвена звезда 80:72

Втор меч: Црвена звезда – Будуќност 107:69

Прв меч: Црвена звезда – Будуќност 91:72

АБА лига Будуќност кошарка финале Црвена Звезда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.