Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија и Македонија утре го потпишуваат договорот за добрососедство

0
By Нова ТВ on July 31, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија утре ќе ја пречека високата и бројна бугарска делегација со сите државни и воени почести.

Премиерот Бојко Борисов доаѓа во Македонија на чело на голема делегација а со нив пристигнуваат и новинари од 30 бугарски медиуми. Извор во Владата вели дека се најавени и новинари од други земји бидејќи настанот буди интерес и во регионот и во Европа.

Бугарската делегација пристигнува на аеродромот во Скопје на 1 август во 11.3о. Следи официјалната церемонија за добредојде, со највисоки државни и воени почести на платото пред Владата во 12.15 со интонирање на државните химни на двете земји.

Потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија е закажано за 13.35 утре, на 1 август.

Заедничкото чествување на националниот празник Илинден во црквата Свети Спас во Скопје е планирано за среда 2 август. Во 8 часот наутро премиерот Зоран Заев ќе има изјава на плоштадот пред црквата Свети Спас.

Потоа, на 2 август, Заев и Борисов ќе положат венци свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев а тоа ќе го направат и другите членови на високата делегација од Бугарија.

Заев и Борисов на 1 август во 12.30 ќе се видат во четири очи а другите министри ќе имаат, во текот на денот, билатерални средби со нивните бугарски колеги.

Предвидени се средби на министерот за транспорт Горан Сугарески со неговиот бугарски колега Ивајло Московски, средба министерот за економија Крешник Бектеши со министерката за енергетика Теменужка Петкова, средба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска со нејзиниот колега Красимир Каракачанов како и средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со заменик премиерот за правни реформи и министер за надворешни работи Екатерина Захариева.

Истовремено ќе бидат потпишани и Меморандуми за соработка за транспорт, енергетика и економија, Меморандум за соработка помеѓу Министерството за транспорт на Бугарија и Министерството за транспорт на Македонија за развојот на железничката инфраструктура и поврзаност помеѓу земјите, како и потпишување на Меморандум за соработка во областа на природен гас помеѓу двете земји.

Борисов потоа ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Бугарскиот премиер ќе има средба и со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски но нема информации дали средбата ќе се одржи во седиштето на партијата или во Собранието ниту пак дали ќе има изјави и дали нашиот поранешен премиер ќе му пренесе на Борисов нека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржат договорот со Бугарија во Собранието.

Поддршка за потпишувањето на договорот даде и лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, кој вели дека тоа ќе биде многу позитивен чекор за државата, кој ќе ја приближи кон НАТО Алијансата.

Поддршка дојде и движењето ФРОДЕМ кое соопшти дека со подобрувањето на односите со Бугарија, Македонија јасно докажува дека е фактор на стабилизација и развој на добрососедските односи на Балканот и фактор за затворање на спорните прашања со соседите.

Како и од Форумот за Демократска Македонија (ФДМ), глобална организација на демократски ориентираните иселеници од Македонија.

 

 

Бојко Борисов добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија Договорот за пријателство Зоран Заев Илинден потпишување Свети Спас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.