Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија и Романија конечно стануваат полноправни членки на Шенген зоната од 1 јануари

0
By Marija Todorovska on December 12, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 12, 2024 11:18

Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ денеска донесе одлука за укинување на контролите на патниците на копнените граници на Бугарија и Романија со земјите од Шенген зоната од 1 јануари 2025 година.

– Ова е историски момент. Бугарија и Романија конечно стануваат полноправни членки на Шенген зоната, изјави унгарски министер за внатрешни работи Шандор Пинтер.

Според него, укинувањето на контролите на патниците на внатрешните копнени граници меѓу двете земји и останатите членки на Шенген зоната беше еден од главните приоритети на унгарското претседателство со ЕУ.

–  Денеска тоа го направивме реалност. Овој чекор ќе биде од корист не само за бугарските и романските граѓани, туку и за ЕУ во целина, додаде Пинтер.

Бугарија и Романија беа примени во Шенген зоната на 31 март година, но при тоа беа укинати само контролите на внатрешните воздушни и водени гранични премини, додека и натаму останаа во сила проверките на лицата кои ги минуваа копнените граници меѓу двете земји и останатите Шенген држави.

Во одлуката на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ за целосно укинување на копнените гранични контроли се наведува дека од нивното пристапување кон Унијата, Бугарија и Романија применуваат делови од правната регулатива на Шенген зоната, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на контролите на надворешните граници, полициската соработка и користењето на шенгенскиот информациски систем.

Шенген зоната е најголемата област на слободно движење на стоки и патници во светот. Таа е воспоставена во 1985 година со укинување на граничните контроли меѓу Белгија, Германија, Луксембург, Франција и Холандија. Денес правилата за слободно движење во Шенген зоната важат во 29 земји – сите членки на ЕУ со исклучок на Ирска и Кипар, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија и таа се протега на територија на која живеат 420 милиони луѓе. Кипар официјално е дел од областа, но контролите на неговите внатрешни граници кон ЕУ се уште не се укинати, додека Ирска воопшто не е членка од Шенген зоната

Бугарија ЕУ Романија Шенген зона
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

ВЕСТИ July 17, 2026

 Изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за „чистење“ на судиите и на обвинителите, како и дека…

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.