Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарски обвинители денеска доаѓаат во Скопје по ДНК-примероци за идентификација на жртвите

0
By Sashko on November 26, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екипа од бугарското Државно јавно обвинителство денеска треба да пристигне во Скопје за подигнување на изработените ДНК-профили од роднини на настраданите во автобуската несреќа, што потоа ќе се искористат за идентификување на починатите.

Ова вчера го најави бугарскиот заменик-главен обвинител и директор на Националната истражна служба, Борислав Сарафов, посочувајќи дека по направената анализа и споредување ќе може телата на жртвите да им се предадат на нивните семејства.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вчера потврди дека македонските власти земале биолошки материјал во Северна Македонија од роднини на загинатите за да се направат ДНК тестови и да се идентификуваат телата.

Јовески во интервју за ТВ Сител синоќа наведе дека првенствена цел на посетата на бугарските истражители и на еден јавен обвинител е да се подигнат материјалите од Судска медицина кои се земени од роднините на загинатите и извршените ДНК анализи, кои потоа ќе се компарираат со обдукцијата на загинатите лица во Бугарија и нивната ДНК анализа.

Целосно е завршено земањето на материјал и извршени се ДНК анализите. И бугарската и македонската страна работат на што побрзо пренесување на телата на загинатите во земјата и предавање на нивните блиски. Утврдувањето на идентитетот на загинатите во незгодата нема да трае долго. Очекувам во наредните неколку денови да заврши тој процес. Имам информација дека обдукциите во Бугарија се завршени, извршени се ДНК анализи на загинатите. Таму ќе треба само тие податоци да се споредат, верувам дека тој процес нема да одземе повеќе од неколку денови, истакна Јовески.

Портпаролката на главниот обвинител на Бугарија, Сијка Милева вчера информира дека на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела, додавајќи дека еден од преживеаните патници и раскажал како го скршил стаклото на автобусот и рекол дека спасил осум, а не седум лица.

Ние пронајдовме 44 тела, а тој категорично изјави дека се спасени осум лица. Јас му реков „вие сте седум во болницата“. И тој категорично ми рече не, ние се спасивме осум лица. Во текот на истрагата, беа пронајдени 44 тела. Според податоците со кои располагаме, патувале 52 лица, ние пронајдовме 44 тела, а се хоспитализирани седум лица – четворица мажи и три жени. Останува големата загатка, каде е осмото лице. Работиме на таа верзија, не сакаме да шириме дезинформации, може да се работи и за лошо сеќавање на сведокот, истакна Милева.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција синоќа информира дека врска со бројот на патниците, издало усна наредба до СВР Скопје за обезбедување на листите на патници кои со автобуси на „Беса транс“ ја напуштиле Република Северна Македонија на 18 ноември 2021 година и листите на патници кои влегле во државава на 22 ноември 2021 година, информираа од Јавното обвинителство.

„Обезбедувањето на листите од граничните премини е со цел да се направи споредба на патниците, бидејќи според изјавата на обвинителот Сарафов недостасува еден патник од запалениот автобус. Истата постапка ја спроведува и бугарското Обвинителство кое ги споредува листите од граничните премини за влез на патници од Република Северна Македонија во Република Бугарија на 18.11.2021 година и листите за влез од Република Турција во Република Бугарија на 22.11.2021 година и излез од Република Бугарија кон нашата земја наредниот ден“, се наведува во соопштението Обвинителството.

автобус Бугарија ДНК примероци жртви Идентификација Македонија несреќа обвинители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.