Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бутарис: Скопјаните ги водеше националист, тие не се човекојадци

0
By Нова ТВ on March 1, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 1, 2018 13:37

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, апелира дека Грција не треба да се плаши од својот северен сосед.

Во писмен говор на конференција под името Национализам наспроти патриотизам“, организирана од грчката партија „Река“, Бутарис потенцирал дека сега е шанса да се стави крај на спорот со името, пренесува МИА.

Правејќи споредба меѓу патриотизмот и национализмот, Бутарис, вели дека со патриотизмот се добиваат, а со национализмот се пропуштаат можности. Како пример ја наведе општина Солун, градот што за да не пропушта можности е отворен кон Турците и Македонците.

– Затоа го поканив Зоран Заев тука да ја дочека Новата година. Поврзани сме со лична врска, а тој е сериозен човек. Од што се плашиме, дека можеби соседите ќе ни го земат Солун? Сега е шансата да завршиме со ова отворено прашање, во корист на Грција, затоа што денес соседната земја во целиот свет е позната исклучиво со уставното име. Скопјаните не се човекојадци, само затоа што ги водеше Груевски, еден радикален националист, еднаков со нашите ултра патриоти, напишал солунскиот градоначалник.

Јанис Бутарис ги споменува и Турците кои го посетуваат Солун и зголемениот број на турски туристи. Воедно, ја повикува и официјална Атина, да продолжи со активностите кон соседите започнати од неговата општина.

– Ние го направиме почетокот. Време е „штафетата“, смело да ја преземе политичкото раководство во Атина и да продолжи со овие потези, додава Бутарис во својот говор.

Поради неговата рационална реторика додека се одвиваат интензивни разговори помеѓу Атина и Скопје, Бутарис во неколку наврати се најде во фокусот на критиките од страна на грчки политичари, главно од опозицијата.

Откако во грчката јавност ја постави дилемата дали и Солун би требало да го смени името на аеродромот „Македонија“, како знак на добрососедство со својот северен сосед,  Јоргос Кумутсакос од Нова Демократија реагираше дека Бутарис требало да им ја остави дипломатијата и преговорите на дипломатите и да се сконцентрира на неговите градоначалнички обврски.

Реагирајќи дека Грците не се добро информирани за спорот со името, Бутарис претходно рече дека Македонија не претставува закана за Грција ако се интегрира во ЕУ и НАТО.

името Јанис Бутарис национализам Никола Груевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.