Browsing: ВЕСТИ

Во врска со објавените написи дека Комисијата за заразни болести не препорачала отворање на границите, Министерството за здравство целосно ја демантира информација како невистинита и информира дека на состанокот на Комисијата на заразни болести од 22 јуни, Комисијата донесе одлука за препорака за отворање на границите и таа одлука заедно со другите одлуки и препораки за отворање на економски субјекти се доставени до Владата

Различните таргетирани групи гласачи ќе се привлекуваат на социјалните мрежи (Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Јутјуб, но и Пинтерест), особено младите и неопределените. Популарноста на телевизиите не се намалува и покрај популарноста на онлајн медиумите, но тука се и радијата. За претставување на кандидатите и партиските програми се користат и печатени материјали и билбордите на кои веќе осамнаа пораки за поддршка

Германија и други европски држави ги релаксираат ограничувањата поради коронавиусот, но во истовреме се појавуваат кластери на болеста во многу делови на континентот. Како да се справуваат властите со нив?

Доктор Мирослав Бошковски, матичен лекар во Приватата здравствена установа во Куманово, донираше крвна плазма за четириесетгодишниот пациент од Ресен, позитивен…

Мемоарите на Џон Болтон, во кои тој од сите „оружја пука“ по претседателот Трамп, денеска стигнуваат во книжарниците. Но, и на сметка на авторот стига критика – нему му е важен профитот, а не доброто на земјата

Државата е меѓу најтранспарентните во споделување на националните бројки и статистики, а прави и пост-мортем тестови на луѓето кај кои треба да се утврди причината за смртта, кога тоа не е јасно, истакна шефицата на Канцеларијата на СЗО во земјава, Џихан Тавила

Рокот, како што информираат од владината прес-служба, е продолжен од 60 дена на 150 дена со цел операторите да ја исполнат обврската за прибавување на соодветно пропишаната документација од странски радиодифузери и да ја достават до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги