Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЗ: Не е точно дека Комисијата не даде препорака за отворање на границите

0
By Нова ТВ on June 24, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 24, 2020 13:40

На веста дека Комисијата за заразни болести не предложила датум за отворање на границите и на аеродромите, експресно се јави Министерството за здравство (МЗ) од каде ги демантираат таквите наводи. Препораката, велат од таму, била усвоена на состанок на 22 јуни и била доставена до Владата.

„Во врска со објавените написи дека Комисијата за заразни болести не препорачала отворање на границите, Министерството за здравство целосно ја демантира информација како невистинита и информира дека на состанокот на Комисијата на заразни болести од 22 јуни, Комисијата донесе одлука за препорака за отворање на границите и таа одлука заедно со другите одлуки и препораки за отворање на економски субјекти се доставени до Владата на Република Северна Македонија“, пишува во соопштението на МЗ.

Прашањето се отвори по денешната прес-конференција на која премиерот Оливер Спасовски рече дека одлуката за отворање на граничните премини без никакви ограничувања од петок, не била политичка туку била донесена на предлог на Комисијата за заразни болести. Потоа порталот sdk.mk, повикувајќи се на извор од Комисијата за заразни болести, објави дека телото при Министерството за здравство не предложило конкретен датум за отворање на границите.

На прашање дали Комисијата го предложија 26 јуни како ден за отворање на границите, нејзиниот претседател Жарко Караџовски упатил на одговор кај премиерот.

Ниту работата на трговските центри и молови, теретаните и внатрешноста на угостителските објекти биле тема на дискусија во Комисијата за заразни болести. Од таму истакнуваат дека Протоколи се донесени, но, како што објави sdk.mk, не е препорачан датум за нивно отворање што го образложуваат со бројките на епидемиолошката статистика.

Вицепремиерот во Владата, Бујар Османи вчера преку Фејсбук порача дека е време за отворање на границите и на аеродромите. Денеска премиерот Спасовски истакна дека одлуката не е политичка и не треба да се поврзува со изборите, туку е донесена, како што рече, врз основа на анализи и препораки на Комисијата за заразни болести.

Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ претходно соопшто дека ги суспендира сите летови од и кон Македонија со 13 јули.

Аеродроми Граници датум демант Комисија за заразни болести Министерство за здравство Отворање препорака
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.